СПОРТ 

„Осогово“ по три бода против „Кожуф“

Дербито на осумнаесетото коло од Втората фудбалска лига Исток се игра во Прилеп, каде Победа ја пречекува горопадната Беласица, која во првите две кола го сомле своите противници. Евентуален пораз на струмичани, ќе ги оддалечи од борбата за првата позиција, а победа ги ги исфрли како прв кандидат за титулата. Второто големо дерби се игра во Виница, каде Слога 1934 ја пречекува Каменица Саса, на чело со новиот стратег Крсте Крстев, тренерот со кој започна успешната приказна на виничани.Слога ќе настојува да ги освои трите бода заради одржување на чекор…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ во Штип го победи „Пехчево“

Во рамките на натпреварите од 17-тото коло од Втората Македонска фудбалска лига – Исток екипата на ГФК „Осогово“ им се врати на победите, освојувајќи три бода против „Пехчево“, во победата од 1:0. Бодовите на жолто-сините им ги донесе капитенот Тоше Манов кој од пенал, во второто полувреме постугна гол, кој се покажа и како конечен резултат. Радува податокор дека одбраната на Осогово на овој натпревар беше на висина на својата задача, не дозволувајќи им на домаќините да ја затресат мрежата на голманот Андов. Инаку, во наредното 18 коло „Осогово“ на…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

За „Осогово“ кобни првите четири минути

Почетните четири минути беа пресудни за конечниот исход на натпреварот помеѓу „Осогово“ и „Беласица“, бидејќи додека фудбалерите сеуште не беа загреани, гостите за стотина секунди постигнаа два гола и го насочија текот на играта во своја корист. Залудни беа подоцна мошне добрите дваесетина минути апсолутна доминација на домаќините, кои создадоа две стопроценти шанси за гол, но немаа среќа и не се снајдоа најдобро, дури и кога беа на два-три метри пред противничката мрежа. Притискаа осоговци и во второто полувреме, меѓутоа струмичани успешно се бранеа, за пред крајот да искористат една…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ поразено во добра игра

Осогово ја одигра генералката пред стартот на првенството на 19 февруари, во Кратово, против одличната екипа на Силекс. Резултатски жолто сините не поминаа добро, бидејќи загубија со 3:0, но шефот на стручниот штаб Александар Андов во телефонски разговор, непосредно по натпреварот, изјави дека е задоволен од прикажаното од неговите избраници, бидејќи имале одлични периоди на комбинатрорна и допадлива игра. Во деновите до првиот овогодишен првенствен натпревар, кој се игра во сабота, во 14 часот, ќе се работи на подобрување на ефикасноста, односно на подобра реализација, бидејќи фудбалерите создаваат шанси, но…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Ефикасна генералка помеѓу „Слога 1934“ и „Тетекс“

Генералната проба пред стартот на првенството во Втората лига исток, Слога 1934 ја одигра на свој терен, против мошне добрата екипа на Тетекс. На стадионот Филип Втори во Виница се одигра интересен и пред се ефикасен натпревар, на кој двете екипи постигнаа по три гола, за нерешен исход 3:3. Шесте гола се доказ дека не се тактизирало, дека се играл отворен фудбал, со цел да се постигне гол повеќе од противникот. Инаку и двете екипи имаа свои периоди во текот на натпреварот, во кои ги постигнуваа головите. Слога 1934 која…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Колку се опарија клубовите во Кочани,Виница …

ВРЗ ОСНОВА НА СИСТЕМ НА БОДУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ, АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОТ ИМ ДОДЕЛИ ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА КЛУБОВИТЕ И ЗДРУЖЕНИЈАТА. ГФК „ОСОГОВО“ ДОБИ ВАУЧЕР ОД 1.100.000 ДЕНАРИ, ЖФК „КОЧАНИ“ – 900.000 ДЕНАРИ, ФК „СЛОГА 1934“ 750.000 ДЕНАРИ … СРЕДСТВА ДОБИЈА И ПОМАЛИТЕ СПОРТСКИ КОЛЕКТИВИ, ЏК „ГЛАДИЈАТОР“ 160.000 ДЕНАРИ, ГИМНАСТИЧАРИТЕ 130.000 ДЕНАРИ, „БАСКЕТ ДИНО“ 200.000 ДЕНАРИ … Агенцијата за млади и спорт во четвртокот ја објави листата на спортски федерации, клубови и спортисти кои ќе добијат помош преку ваучер системот. На оваа листа се и повеќе клубови од регионот, кои…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ со победа и пораз

ЗА ДВА ДЕНА ОСОГОВО ОДИГРА ДВА НАТПРЕВАРА, ПОБЕДИ ПРОТИВ „ДЕТОНИТ“ СО 2:1, И ЗАГУБИ ОД РАДНИЧКИ СРЕМСКА МИТРОВИЦА СО 4:0. ПОДГОТОВКИТЕ СЕ ОДВИВААТ ЗАСИЛЕНО, БИДЕЈЌИ ДО ПОЧЕТОКОТ НА ПРВЕНСТВОТО ПРЕОСТАНУВААТ УШТЕ ДЕСЕТИНА ДЕНА. Втор натпревар во рамките на подготовките на „Осогово“ и прва победа против екипата на „Детонит јуниор“ од Радовиш со 2.1. Според прикажаното тренерите на двете екипи можат да бидат задоволни, со оглед на фактот дека сеуште не се искристализирани најдобрите состави и што во оваа фаза сеуште им се дава шанса на сите фудбалери. Притоа мора да…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Избрани најдобрите спортисти за 2021 година

По пауза од една година, Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари, ја организираа манифестацијата Избор на најдобрите во спортот за 2021 година. Церемонијата на прогласување на најуспешните и доделувањето на наградите, зачинета со пригодна музика, се одржа во Ресторанот Але Дар, а присуствуваа голем број спортисти, спортски работници и претставници на локалната самоуправа. Притоа, беа доделени плакети, признанија и награди во пет категории: најдобри млади надежни спортисти, тренер, најдобра спортски екипа и најдобар спортист на Кочани за 2021, како и признанието на придонес во развојот на кошарката. Титулата најдобар спортист…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ГФК „Осогово“ – ФК „Каменица Саса“ 0:1

Осогово ја отвори фудбалската сезона на стадионот „Никола Мантов“ за 2022 година, со првиот подготвителен натпревар против мошне силен противник каков што е Каменица Саса. По пријатно време за зимски услови, двете екипи прикажаа борбена игра со многу трчање, што е резултат на желбата на секој поединец да се наметне. Иако резутатот беше во втор план, сепак преку неколку осмислени акции можеше да се види дека не изостанува желбата за офанзивна игра со цел да се затресе противничката мража. На овој натпревар тоа им успеа само на гостите, кои уште…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

СПОРТИСТ НА КОЧАНИ – РИСТЕ СИМЕОНОВ

Асоцијацијата на новинари на Кочани денеска ги разгледа пристигнатите предлози и од нив изврши избор на најдобрите во спортот во 2021 година. Работејќи по системот бодување според бројот на пријавени кандидати, за спортист на годината со освоени 17 бода, е избран гимнастичарот Ристе Симеонив,  од КГС Кочани. Втора е Стефанија Павлова од Џудо клубот Гладијатор, со 13 поени, трет е кошаркарот Дино Лазаров со 11 поени, четврти фудбалерот Тоше Манов со 9 поени, петти Димитриј Спасов со 7 и шести Дамјан Крстов со 6 поени. Најдобра екипа за 2021 година,…

Прочитај повеќе