СПОРТ 

ФК „Слога 1934“ го покори и Велес

Значајна победа на ФК „Слога 1934“ во првото коло од единствената втора лига на Македонија, против довчерашниот прволигаш „Борец“ од Велес, и тоа на теренот на противникот. Виничани практично ја продолжуваат успешната серија од минатото првенство, кога беа хит во втората лига Исток. Дека организацијата во клубот е поставена на цврсти основи потврдува фактот што и при огромни промени во играчкиот и стручниот кадар, екипата постигнува резултати над очекувањата. Во Велес  Слога 1934 го надигра и го победи Борец со резултат 2:1, полувреме 2:0. Фудбалерот на Слога Тасевски уште во…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Второлигашите стартуваат на 20.август

НА 20 АВГУСТ КОНЕЧНО ЗАПОЧНУВА ПРВЕНСТВОТО ВО НОВИОТ ПРОЕКТ НА ФФМ ЕДИНСТВЕНА ВТОРА ЛИГА. ВИНИЧКА „СЛОГА 1934“ ГОСТУВА КАЈ „БОРЕЦ“ ВО ВЕЛЕС, А ПЕХЧЕВО И КАМЕНИЦА САСА СЕ ДОМАЌИНИ. ВАРДАР И ПЕЛИСТЕР СЕ ГЛАВНИ ФАВОРИТИ ЗА ПРВИТЕ ПОЗИЦИИ, А ЗА ОПСТАНОК ЌЕ СЕ БОРАТ ПОВЕЌЕ ЕКИПИ Шеснаесетте клуба од единствената втора лига на Македонија дури денеска претпладне дознаа дека на 20 август, сабота, стартува новото фудбалско првенство. Ова ќе биде прва сезона во која практично ќе биде на испит проектот втората лига да ги собере екипите на едно место, за…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Солидна партија за Дино Лазарев во поразот на кошаркарската репрезентација “Под 16” години

Машката кадетска селекција на Македонија загуби од Турција во осминафиналниот натпревар од Европското првенство во кошарка, кое деновиве се игра во Скопје. И покрај поразот со резултат 82:74, сепак за нас кочанчани радува фактот што Дино Лазарев – идната кошаркарска надеж на градот имаше солидна партија, и со 8 постигнати поени (две погодени тројки од три обиди) во нападот од една страна, како и со исполнување на поставените одбранбени задачи од друга страна, многу рационално ги искористи дваесетте минути кои ги помина на теренот. Во спортската сала “Кале” во Скопје…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

За тениските терени нема одговорен

ПОЈАВАТА НА ТРЕВА НА ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ Е ПОСЛЕДИЦА НА ПОПЛАВИТЕ ОД ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ, ВЕЛАТ ПОЗНАВАЧИТЕ НА СОСТОЈБИТЕ. КОМПАНИЈАТА КОЈА СТОПАНИСУВА СО СРЦ „ВОДИК“ ГИ НЕМА ВО НАДЛЕЖНОСТ И ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ, МЕЃУТОА КАКО ПООДРШКА НА ТЕНИСКИОТ СПОРТ ИЗДВОЈУВА СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА ЗА КОМПЛЕКСОТ ДА ФУНКЦИОНИРА. МОЖЕ ЛИ ОПШТИНАТА ТУКА ДА ПОТТИКНЕ ПОДОБРУВАЊЕ НА СОСТОЈБИТЕ? По објавувањето на снимките и прилогот за состојбата со тениските терени во СРЦ „Аква Тен“ кои ги обраснува трева, се јавија со реакции од повеќе засегнати страни. Од разговорите со повиканите дознавме дека компанијата која стопанисува со центарот,…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Третолигашите стартуваат на 4-ти септември

ОД СВЕТИ НИКОЛЕ, ПРЕКУ БЕРОВО И ДЕЛЧЕВО, ДО БОГДАНЦИ ЌЕ СЕ ПРОТЕГА ТРЕТАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА ВО НОВОТО ПРВЕНСТВО КОЕ ЗАПОЧНУВА НА 4.СЕПТЕМВРИ. ВО НЕГО ЌЕ УЧЕСТВУВААТ 12 ЕКИПИ КОИ ЌЕ СЕ БОРАТ ЗА НАЈВИСОК ПЛАСМАН И ВЛЕЗ ВО ВТОРАТА ЛИГА. Дванаесет клубови од југоисточниот дел на државата, на 4, септември, годинава, ќе го започнат новото фудбалско првенство. Тоа е договорено на средбата на претставниците на клубовите, што деновиве се одржа во Штип, а во организација на Општинскиот фудбалски сојуз на Кочани. Притоа е утврдено дека котизацијата, од која клубовите 60%…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Роланд Гарос се претвора во Вимблдон

КАКО ТРГНАЛА ТРЕВАТА ДА СЕ ШИРИ ПО ТЕНИСКИТЕ ТЕРЕНИ, НАСКОРО МОЖЕ ДА ГИ ПРЕТВОРИ ВО ЛИВАДИ, КАДЕ НАМЕСТО ДА СЕ ИГРА ТЕНИС, ЌЕ ПАСАТ КОЗИ. ПРИВАТНОТО ПАРТНЕРСТВО И ВО ОВОЈ СЕГМЕНТ ОД СРЦ АКВА ТЕН НЕ ФУНКЦИОНИРА НА ПОТРЕБНОТО НИВО, ШТО МОЖЕ ДА И СЕ УДРИ ОД ГЛАВА НА ОПШТИНАТА, ЧИИ МЛАДИ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ КАПИТАЛНИТЕ СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ. Еден по еден тениските терени ги обраснува трава и ги прави нефункционални за спорт и рекреација. Дали општата криза удри и врз спортските објекти, или пак во прашање е само пословична негрижа…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Клубовите сиромашни за скапата втора лига

ГОЛЕМИТЕ ФИНАНСИСКИ ИЗДАТОЦИ ИМ СОЗДАВААТ ОГРОМНИ ПРОБЛЕМИ НА ВТОРОЛИГАШКИТЕ ЕКИПИ КОИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА СТАРТ НА СЕЗОНАТА. „СЛОГА 1934“ ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ НАСТОЈУВА ДА ГИ ИСПОЛНИ ОБВРСКИТЕ ЗА ДА МОЖЕ ДА ИГРА ВО ЕДИНСТВЕНАТА ВТОРА ЛИГА. Со ангажирање на Управата и на сите локални фактори во Општина Виница, ФК „Слога 1934“ се чини дека ќе ги преброди финансиските проблеми и ќе ги исполни условите да игра во единствената Втора фудбалска лига на Македонија. Такви информации стигнуваат од таборот на виничани, кои прават се да бидат дел од второто по квалитет…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Одложен стартот на втората лига

НЕОЧЕКУВАНО НА ТРИ ДЕНА ПРЕД СТАРТОТ НА ПРВЕНСТВОТО, КОМИСИЈАТА ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ ПРИ ФФМ ГО ОДЛОЖИ ПРВОТО КОЛО, БЕЗ ОБРАЗЛОЖЕНИЕ И ДЕФИНИРАЊЕ НОВ ТЕРМИН ЗА ПОЧЕТОК НА ЛИГАТА. ВО ПОЕДИНИ КЛУБОВИ НА ИСТОКОТ СМЕТААТ ДЕКА ВО ПРАШАЊЕ СЕ ПРОБЛЕМИ ОД ФИНАНСИСКИ КАРАКТЕР И ВИСОКАТА КОТИЗАЦИЈА. Комисијатазанатпреварувањепри ФФМ донесе одлука со која се одложуваат натпреварите од првото коло на Втората македонска фудбалска лига. Комисијата дополнително ќе го одреди терминот за одигрување на одложените натпревари од првото коло во ВМФЛ, се вели во информацијата од ФФМ. Сезоната во второлигашката конкуренција, која сега ќе…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Големите клубови ги крадат талентите …

ТУРНИРСКИТЕ ИСКУСТВА НА ТОДЕ МИТЕВ МУ ОТКРИЈА ДЕКА ГОЛЕМИТЕ КЛУБОВИ ГИ ОРГАНИЗИРААТ СО ЦЕЛ ДА ОТКРИЈАТ НЕКОЈ ТАЛЕНТ И ПОДОЦНА ДА ГО АНГАЖИРААТ НУДЕЈЌИ МУ ПОДОБРИ УСЛОВИ. КАКО „ОСОГОВО“ И ФК КОЧАНИ ДА ГО СЛЕДАТ НИВНИОТ ПРИМЕР И ОД ФУДБАЛОТ ДА НАПРАВАТ БИЗНИС? Фудбалот и кај нас станува бизнис, па оние кои се навлезени подлабоко во него, веќе дејствуваат плански и профитерски. Тоа најдобро го забележуваат тие што се инволвирани во фудбалските случувања во регионот и во државата. Фудбалскиот стручњак од Кочани, Тоде Митев, кој знае да процени талент кај…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ЖФК „Кочани“: Со 4 до 6 засилувања за првата лига

Новиот член на Првата фудбалска лига за жени, ЖФК „Кочани“ зачекори во подготовките за новото првенство со максимална организираност и обемен план. Дваесетина фудбалерки под водство на тренерот Оливер Јовановски, тренинзите за физичка подготовка ги спроведуваат на стадионот Никола Мантов, а од 8-ми до 13 август ќе се преселат на Пониква, каде ќе ги полнат батериите за големите предизвици Раководството на клубот веќе успеа да донесе четири фудбалерки како одлични засилувања, од Каменица Саса и од Плечковица, меѓутоа желбите се да се ангажираат уште две фудбалерки од странство. За амбициите…

Прочитај повеќе