За „Осогово“ кобни првите четири минути

Почетните четири минути беа пресудни за конечниот исход на натпреварот помеѓу „Осогово“ и „Беласица“, бидејќи додека фудбалерите сеуште не беа загреани, гостите за стотина секунди постигнаа два гола и го насочија текот на играта во своја корист. Залудни беа подоцна мошне добрите дваесетина минути апсолутна доминација на домаќините, кои создадоа две стопроценти шанси за гол, но немаа среќа и не се снајдоа најдобро, дури и кога беа на два-три метри пред противничката мрежа. Притискаа осоговци и во второто полувреме, меѓутоа струмичани успешно се бранеа, за пред крајот да искористат една…

Прочитај повеќе