СПОРТ 

„Осогово“ поразено во добра игра

Осогово ја одигра генералката пред стартот на првенството на 19 февруари, во Кратово, против одличната екипа на Силекс. Резултатски жолто сините не поминаа добро, бидејќи загубија со 3:0, но шефот на стручниот штаб Александар Андов во телефонски разговор, непосредно по натпреварот, изјави дека е задоволен од прикажаното од неговите избраници, бидејќи имале одлични периоди на комбинатрорна и допадлива игра. Во деновите до првиот овогодишен првенствен натпревар, кој се игра во сабота, во 14 часот, ќе се работи на подобрување на ефикасноста, односно на подобра реализација, бидејќи фудбалерите создаваат шанси, но…

Прочитај повеќе
ФОТО-ВИДЕО ВЕСТ 

Кружни текови како скриена опасност

Предолгата изградба на многу објекти, особено во делот на патната инфраструктура, и несекогаш соодветната сигнализација, оставаат премногу простор голем број возачи да се најдат пред искушенија и предизвици, па и реална опасност, при најмало невнимание да доживеат сообраќаен инцидент или друга посериозна несреќа. Денеска нашата камера регистрираше патничко моторно возило кое ја промашило кружницата кај поранешната Фабрика за хартија и преку рабникот се качило на средишната површина предвидена за зеленило. Со оглед на фактот дека ова е најмалку трет случај возачите наместо да вртат околу кружниот тек, возат право, зборува…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

КОИ СЕ (НЕ)ОСТВАРУВАЊАТА ОД РАБОТЕЊЕТО НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА НА ЧЕЛО СО ПАПАЗОВ ВО ПРВИТЕ 100 ДЕНА?

Почитувани сограѓани, По првите 100 дена од стапувањето на функцијата градоначалник немаме никаква првична анализа со која би се презентирала работата на Љупчо Папазов на кочанската јавност.Секој би се запрашал – зошто?! Колку и да се трудат да манипулираат, вистината е една и единствена – немаат ништо што да кажат затоа што во првите сто дена од преземањето на локалната власт, Папазов и неговите сопартијци од ДПМНЕ беа презафатени со други проблематики на сметка на решенија за доброто на сите граѓани. Имено, Папазов и ДПМНЕ целосно се сконцентрираа на што е можно побрзо…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Во полициска акција во Кочани, затворени три локали. 35 лица немале вакцинален сертификат

Синоќа во Кочани се извршени инспекциски надзори во четири угостителски објекти и едно казино на територијата на градот. Три објекти се привремено затворени откако пазарната инспекција затекнала 35 лица без сертификат за вакцинација. Ќе биде поведена прекршочна постапка со издавање прекршочни патни налози. Во еден објект, како што за „Слободен печат“ информираат од Пазарниот инспекторат, затекнати биле гости како пушат цигари и за нив ќе следи прекршочна постапка со издавање прекршочни платни налози. Се очекуваат повеќе информации од МВР за нивниот дел од акцијата.

Прочитај повеќе