ПОЛИТИКА 

ВМРО-ДПМНЕ со амандман за поголеми плати во образованието

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес конференција побара зголемување на платите на сите вработени во образованието од техничкиот персонал до наставниците и професорите согласно колективните договори а дефинирано во предлог амандманот кој што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поднесе до парламентот да биде разгледан во рамки на постапката за донесување на измените нз законот за минималната плата. “Македонија е помеѓу 4-те најсиромашни држави во Европа, покрај тоа што е помеѓу трите најкорумпирани, најкриминални држави во Европа. Потрошувачката кошница на основните прехрамбени и други производи изнесува во  декември 35.042 денари,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

 Согласно законските измени – граѓаните треба да ги пријават земјиштата и објектите што не ги користат или не ги издаваат под закуп

Одделението за даноци, такси и надоместоци во Општина Кочани ги известува физичките и правните лица дека согласно законските измени, се должни да ја пријават сопственоста на земјишта и објекти кои не ги користат или не ги издаваат под закуп подолго од шест месеци во текот на една година. Според измените на Законот за даноци на имот, овде спаѓаат сите земјоделски, градежни, шумски земјишта и пасишта, како и сите едностанбени и повеќестанбени објекти за домување, гаражи, деловни згради и деловни простории, други објекти како инсталациите подигнати врз нив или под нив…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

Кој кочанец доби 440.000 евра на Лото ?

Извлечените бројки 4, 10, 17, 28, 30, 32 и 37, во 11-тото коло од играта на среќа, Лото 7, на Кочани му ја донесоа лото – премијата во вредност од 27 милиони денари, или околу 440 000 евра. Извлекувањето се реализираше вчера во редовниот термин во 20 часот. Од Лотарија на Македонија велат дека уплатата е извршена на продажното место “Балила”, кај Агенцијата за вработување, односно во дуќанот “Кај Џајката”. Среќната вест на социјалните мрежи се пренесе со молскавична брзина, а љубопитните кочанчани побрзаа да нагаѓаат кој или кои се…

Прочитај повеќе