ЕКОНОМИЈА 

И Турција заинтересирана за ГТВ

Денеска градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов одржа работен состанок со турскиот амбасадор во Република С. Македонија, Хасан Мехмет Секизќок. На работната средба во просториите на општинската зграда најпрвин беа презентирани потенцијалите на Општина Кочани, културните наследства и опциите за проекти за напредок кои можат да бидат финансирани од Турската агенција за соработка и координација – ТИКА. Остварен е и контакт со бизнис компании од Република Турција, со чијашто посета во иднина би дошло до искористување на геотермалните ресурси кои се застапени на територијата на Општина Кочани.

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Презентирана студијата за производство на струја од ГТВ

Денеска во просториите на Геотермалниот систем „Геотерма“ во с. Долни Подлог, беше остварена работна средба со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и претставникот на Делегацијата на Европската Унија во Република С. Македонија, г-дин Давиде Биксио, програмски офицер за проекти од областа на инфраструктурата посветени на климатските промени, животната средина и природните ресурси. Најпрвин беше презентиран процесот на искористувањето на геотермалната вода од геотермалниот систем, а посебен дел од состанокот беше посветен на можностите за искористување на геотермалниот потенцијал за производство на електрична енергија. Од страна на стручните служби на…

Прочитај повеќе