ЕКОНОМИЈА 

Спа центар и Бања нема, водата низ река

КАКВА Е ИДНИНАТА НА СПА ЦЕНТАРОТ ВО КОЧАНИ, КОЈ СО ГОДИНИ Е ЗАГЛАВЕН ВО БИРОКРАТСКИ ПРОЦЕДУРИ, ДОДЕКА ТЕРМАЛНАТА ВОДА ИСТЕКУВА НИЗ РЕКИТЕ ВО КОЧАНСКО? ВО 2017 ГОДИНА, НА 18 ЈУЛИ ИМАШЕ POСTAПKA ЗА ТЕХНИЧКИ ДИЈАЛОГ, И ОГЛАС ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ВРЕДЕН 845.000 ЕВРА, ПЛУС ИНВЕСТИЦИЈАТА НА ЗАКУПЕЦОТ ОД 488.000 ЕВРА, НО ПРОПАДНА. Последниот обид надлежните во Кочани да направат нешто повеќе за реализација на проектот Спа центар и искористување на геотермалната вода датира од 2017 година. Тогаш општинската администрација објави Оглас за прибирање понуди за инвестирање во Спа центарот…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Апсурд: никој нејќе во прва лига

АКО ЕКИПИТЕ ОД ДНОТО НА ТАБЕЛАТА ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ОПСТАНОКОТ, ТИЕ ОД ВРВОТ ИМААТ УШТЕ ПОГОЛЕМ КАКО ДА СЕ СПАСАТ ОД ПРВАТА ЛИГА, ИЛИ ЗОШТО НА ИСТОКОТ НИ ЕДНА ЕКИПА НЕ САКА ВО НАЈЕЛИТНОТО ФУДБАЛСКО НАТПРЕВАРУВАЊЕ ВО ДРЖАВАТА. ЌЕ ГО ПОДОБРИ ЛИ КВАЛИТЕТОТ ЕДИНСТВЕНАТА ВТОРА ЛИГА, КОЈА ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ИМ ГИ ЗГОЛЕМИ ТРОШОЦИТЕ НА КЛУБОВИТЕ, ВО СИТУАЦИЈА КОГА И СЕГА ОДВАЈ ОПСТАНУВААТ. Откако португалците го спуштија на земја нашиот репрезентативен фудбал, интересот на спортската јавност повторно се сврте кон домашните првенства и како тие функционираат. Во втората фудбалска лига Исток…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Стартап Македонија на работен состанок во општина Кочани

Градоначалникот на Општина Кочани заедно со вработени од општинската администрација, вчера одржaа работен состанок со невладината организација Стартап Македонија. Oваа организација работи со цел да ги обедини чинителите во екосистемот, стартапите, основачите и инвеститорите, со цел иновациите да бидат претворени во успешни бизниси. На работниот состанок претставниците од Стартап Македонија ги презентираа нивните активности и беа разгледани можностите на Општина Кочани за заедничка идна меѓусебна соработка, во однос на организирање настани за мотивација на млади претприемачи и стратап компании, како и креирање политики насочени кон младите амбициозни претприемачи.

Прочитај повеќе
Екологија 

Жестоки дискусии против загадувањето

Во речиси полната сала на Мултикултурниот центар во Кочани вечерва се одржа Јавната трибина за загадувањето на воздухот, водата и почвата што ги предизвикува Фабриката за рециклажа на отпадна хартија Пејпар Мил. Активисти на иницијативата за чист воздух и други присутни изнесоа редица аргументи кои сведочат за загадувањето, искажувајќи притоа лични искуства од секојдневието во изминатите години. Во активностите за здравјето на најблиските и на граѓаните во целот, како што рекоа, нема да отстапат никако, а ќе ги искористат сите демократски и правни инструменти и регулативи за да ја добијат…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Известување на јавна трибина

Се известуваат сите граѓани, институции и невладини организации од Општина Кочани дека на ден 30.03.2022 година со почеток во 18:00 часот во салата на Мултикултурниот центар – Кочани, ќе се одржи Јавна трибина во врска со загаденоста на воздухот, водата и почвата како последица од работењето на фабриката Пејпер Мил во Кочани. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани, институции и невладини организации да земат учество на Јавната трибина.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Извршено е првото преспојување на реконструираниот дел на главниот цевковод

По вчерашниот повеќечасовен прекин на водоснабдувањето низ територијата на целата општина, извршено е преспојување на првиот реконструиран дел на главниот цевковод во близина на бунарскиот систем кај главната пумпна станица ,,Грдовски орман“. Извршената замена на главниот потисен цевковод опфаќа реконструкција од Грдовски орман до Клучка 1, во должина од 2.200 метри. Реализацијата на овој проект придонесува намалени загуби и подобрен квалитет на водата.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На првата „Rotary run„трката во Кочани учествуваа над 200 учесници од повеке градови во државата

Повеќе од 230 учесници денеска трчаа по улиците на Кочани и беа дел од првата трка Rotary run,која ја организираше Ротари клубот Кочани Виница. Натпреварувачите трчаа на патека од 5 и 10 километри , движејки се од пред Центарот за култура „Бели Мугри“ од каде на кружна патека низ улиците„Кеј на револуција“, „Борис Трајковски“, „Гоце Делчев“ и дел од „Маршал Тито“ . Од Ротари клубот велат дека оваа трка ке прерасне во традиционална и ќе се организира секоја година. Секој учесник на трката доби медал за учество, додека победниците во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Асфалирањето на кружниот тек КТ5 на булевар „Тодосија Паунов„ е во завршна фаза

По вчерашното започнување на земјено-градежните работи и асфалтирање на кружниот тек КТ5 на булевар „Тодосија Паунов“, поставен e првиот слој асфалтна база, додека во текот на денешниот ден се поставува вториот слој. Се предвидува работните активности да завршат во текот на утрешниот ден, при што во следните денови ќе се работи на доуредување на тротоарските површини и уредување на зелените површни на кружниот тек од страна на КЈП „Водовод“ – Кочани.

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Известување од Ротари клубот Кочани-Виница

Ги известуваме граѓаните дека на ден 26 Март 2022 година (Сабота), со почеток во 18 часот Ротари клубот Кочани-Виница ќе организира трка, Rotary RUN, низ Кочанските улици. Стартот на трката ќе биде пред Домот на културата во Кочани. На трката ќе земат учество 220 учесници, меѓу кои и најдобрите натпреварувачи од Македонија. Настанот е веќе најавен и добиена е согласност од страна на Општина Кочани. Ова претставува одлична можност за промовирање на спортот и здравите животни навики, а воедно и културна промоција на нашиот град. Со цел успешно организирање на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Поставени туристички информативни табли на Пониква

Деновиве Македонското еколошко друштво во соработка со Заштитеното подрачје „Осоговски Планини“ на Пониква ги промовираше поставените информативни табли за посетителите. Таблите имаат информативен карактер и содржат општи податоци за заштитеното подрачје, неговата геолошка и биолошка разновидност како и интересни податоци и факти за туристичката понуда во регионот. Туристичките информативни табли се изработени во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија. Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), која има за цел да и помогне на Македонија во зачувување…

Прочитај повеќе