ОПШТИНА КОЧАНИ 

Реконструкцијата на Градскиот парк се одвива со забрзано темпо

Реконструкцијата на Градскиот Парк е во континуитет. Имено, вечерва профункционира новото јавно осветлување во паркот, кое е дел од новото руво на паркот. Реконструкцијата се одвива со забрзано темпо и е во завршни фази. По целосното завршување на реконструкцијата на Градскиот Парк, ќе се реконструира и детскиот парк кај летната сцена, за којшто проект во тек е постапката за избор на изведувач.

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Папазов и Капраун за германската инвестиција

ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГЕРМАНСКАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО КОЧАНИ, ВО РУДНИКОТ ЗА ГАБРО „МЕРИСТЕМ ТОБИ“ КАЈ ПАНТЕЛЕЈ, КОЈА СЕ ПРЕТВОРИ ВО КАМЕНОЛОМ, РАЗМЕНИЈА МИСЛЕЊЕ И ИДЕИ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ЗА ИЗНАОЃАЊЕ ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС ЗА СОРАБОТКА И РАЗВОЈ.  Вчера во кабинетот на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов се одржа работна средба со Гунтер Капраун, генерален директор и Кабир Бариов, извршен директор на компанијата „Меристем Тоби“ во Кочани. На средбата беа разменети искуства и идеи за идна можна соработка, како и информирање и промовирање на бизнис плановите на компанијата, која очекува поддршка и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Извидничкиот одред „Ластовица“ со акција за засадување садници

Преставници од извидничкиот одред „Ластовица“ – Кочани денеска се сретнаа со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папзов. На денешната средба извидниците го запознаа градоначалникот со нивните активности и планови. Како една од нивната предвидена активност деновиве ќе биде засадување садници. Активноста за пошумување ќе се спроведе овој вторник, 22.02.2022 година на локалитетот „Бавчалук“, со поддршка од Локалната самоуправа.

Прочитај повеќе