РЕГИОН 

14 години на првата приватна ТВ во Кочани

По повод 14 години постоење, уредникот на ТВ Кочани ЛД со пригоден текст, кој го пренесуваме во целост: Денеска „Телевизија Кочани ЛД“ полни 14 години откако се појави во медиумскиот етер на 18. Август  2008 година, како прва приватна телевизија на просторот од Штип до границата со соседна Република Бугарија. Колку успешно ја извршува својата одговорна информативна и забавна функција, ќе кажат граѓаните, односно гледачите, бидејќи ние самите да кажуваме за себе е нескромно. Наместо тоа ќе оставиме да зборуваат бројките од анкетите на АВМУ, а тие велат дека во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Општината известува …

Почитувани учесници во сообраќајот, Ве известуваме дека во периодот од 19.08.2022 до 21.08.2022 година ќе се изведува завршно асфалтирање на потег од Подлошка крстосница до надвозник „Прима“ на регионалниот пат Штип- Кочани.Согласно времената измена на режим на сообраќај при затварање на оваа делница од државен пат А3, сообраќајот привремено ќе се одвива по новоизградената девијација, по раскрсницата кај село Тркање до влезот на Кочани кај хотел „Национал“ и од пред надвозникот за Грдовци низ градот. Во интерес на безбедно и брзо завршување на патната инфраструктура потребно е почитување на сообраќајната…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Второлигашите стартуваат на 20.август

НА 20 АВГУСТ КОНЕЧНО ЗАПОЧНУВА ПРВЕНСТВОТО ВО НОВИОТ ПРОЕКТ НА ФФМ ЕДИНСТВЕНА ВТОРА ЛИГА. ВИНИЧКА „СЛОГА 1934“ ГОСТУВА КАЈ „БОРЕЦ“ ВО ВЕЛЕС, А ПЕХЧЕВО И КАМЕНИЦА САСА СЕ ДОМАЌИНИ. ВАРДАР И ПЕЛИСТЕР СЕ ГЛАВНИ ФАВОРИТИ ЗА ПРВИТЕ ПОЗИЦИИ, А ЗА ОПСТАНОК ЌЕ СЕ БОРАТ ПОВЕЌЕ ЕКИПИ Шеснаесетте клуба од единствената втора лига на Македонија дури денеска претпладне дознаа дека на 20 август, сабота, стартува новото фудбалско првенство. Ова ќе биде прва сезона во која практично ќе биде на испит проектот втората лига да ги собере екипите на едно место, за…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Новата градинка остаре, чекајќи …

ДОДЕКА ВО ДРУГИ ОПШТИНИ ОД ИНИЦИЈАТИВА ДО ИЗГРАДБА НА ДЕТСКА ГРАДИНКА СЕ ПОТРЕБНИ ОКОЛУ ЕДНА ГОДИНА, ВО КОЧАНИ ТОЈ ПРОЦЕС ТРАЕ ПЕТ ГОДИНИ. НЕИЗГРАДЕНИОТ ПРИСТАПЕН ПАТ, КОНСТАТИРАНИТЕ ФАЛИНКИ И ШТЕТИТЕ ОД ВРЕМЕНСКИТЕ НЕПРИЛИКИ, ГО ДЕВАЛВИРААТ ОБЈЕКТОТ КОЈ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ЕДЕН ОД НАЈМОДЕРНИТЕ ВО ДРЖАВАТА. ДО КОГА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА ЌЕ ЧЕКААТ ПРИФАЌАЊЕ ? Додека низ државата детски градинки никнуваат како печурки после дожд, во Кочани една ќе се изгради и таа ќе претставува повеќе проблем отколку придобивка за граѓаните. Иако објектот беше готов пред локалните избори, кога практично беше…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Мотоциклист од Кочани загина во сообраќајна несреќа

Педесетгодишен маж од Кочани загина во сообраќајна несреќа. Управувајќи мотор тој се судрил со патничко возило. „На 17.08.2022 во 19.15 часот пријавено е дека на магистралниот пат Штип – Делчево, кај место викано „Чифлички бунари“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“, со бугарска национална ознака, управуван од С.Х.(50) од Кочани и патничко возило „опел вектра“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.С.(67) од Кочани. По несреќата возачот на мотоциклот бил пренесен во болницата во Кочани за укажување на лекарска помош, каде им подлегнал на повредите“, соопшти МВР.

Прочитај повеќе