Страотен судар на џип и шевролет, тројца загинати

Епилогот на страотната сообраќајна несреќа кај Кадрифаково е три лица загинати, меѓу кои и 15-годишна девојка. Сообраќајната несреќа која денеска околу пладне се случи на автопатот Штип-Миладиновци, во близина на патарината кај селото Кадрифаково зацрни семејство. Според портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова, 15-годишната девојка и 62-годишна жена загинале на самото место, а потоа во Клиничката болница во Штип починала и 37-годишна жена, која имала тешки телесни повреди. Во несреќата учествувале две возила, а покрај загинатите во штипската болница се примени уште четири лица, од кои едно дополнително било пренесено…

Прочитај повеќе