ОПШТИНА КОЧАНИ 

Пешачењето е здравје: Општина Кочани и Клубот за планинарски спортови „Москито“  в сабота организираат планинарска тура до врвот Панаѓур на Осоговските Планини

В сабота, на 10 јуни, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Москито“ од Кочани организира планинарска тура на релацијата Пониква – Панаѓур – Пониква, под мотото Пешачењето е здравје. Движењето ќе биде организирано во група што ќе ја водат планинари од КПС „Москито“, а во активноста ќе се вклучат и членови на Извидничкиот одред „Ластовица“. Планинарската тура до врвот Панаѓур е со вкупна должина од 6 км и се поминува за околу три часа. На врвот Панаѓур (1669 м н. в.) ќе има кратка презентација за правилата…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Музичкото училиште „Ристо Јуруков“ го одбележа патрониот празник

Со концерт на наградените ученици од државните и меѓународните натпревари и настапи на хорот, наставници и на оркестарот од традициски инструменти,  Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ го одбележа патрониот празник – 67-годишнината од своето постоење и 96. роденден на неговиот основач, професорот Јуруков.   Директорката на училиштето Марија Лазарова го истакна задоволството од континуирано високите резултати што ги покажуваат учениците на натпреварите, што  на ОМУ „Ристо Јуруков“ му дава значајно место во музичкото образование и култура во општината и пошироко. На одбележувањето на патрониот празник, ученикот Никола Илиев беше прогласен…

Прочитај повеќе