ОПШТИНА КОЧАНИ 

Распишана јавната набавка за конзервација и реставрација на партерното уредување на Споменикот на слободата

Општина Кочани ја објави јавната набавка за конзервација, реставрација и санација на архитектурата и партерното уредување на Споменикот на слободата, како дел од проектот што се реализира со поддршка од Амбасадата на САД во РС Македонија преку грант од амбасадорскиот фонд за заштита на културно наследство. Со распишаната тендерската постапка се бара најповолен економски оператор за санација на оштетената бетонска подлога; демонтажа и замена на подните облоги од мермер и травертин; санација на амфитеатралните и на пристапните скали со тераса и сценски партер, санирање на оштетените вертикални ѕидни површини и чистење и пескарење…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Отстранет дефектот на главниот цевковод за висока зона

Ги информираме граѓаните дека е отстранет дефектот на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани, поради што без вода за пиење беа корисниците кои ги користат нашите услуги во високата зона. Дефектот е отстранет околу 12 часот денеска, а по неколку часа се очекува целосно нормализирање на водоснабдувањето на улиците кои беа во прекин. Дефектите од ваков обем претставуваат сериозен и комплексен проблем кој бара време и ангажман на повеќе фактори за целосно санирање, па поради тоа им благодариме на корисниците за нивното трпение и разбирање.…

Прочитај повеќе