ОПШТИНА КОЧАНИ 

Изградба на фекална канализациска мрежа во Оризари

Започнува реализацијата на проектот за изградба на делови од фекалната канализациска мрежа во населеното место Оризари. Со проектот е планирано да се градат седум краци од канализацискиот систем, со вкупна должина од 595 м, на различни локации во Оризари. Вредноста на инвестицијата е 7.788.000 денари, од кои 5 милиони денари се од Министерството за животна средина и просторно планирање, а останатите се од Буџетот на Општина Кочани. Активностите на терен ќе се одвиваат во текот на летниот период.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Избор на нови членови на органите во Месната заедница Грдовци

Поради истекот на мандатот на членови на органите на облиците на месната самоуправа, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов донесе одлука за распишување избори за нови органи на месната самоуправа. Согласно Статутот на Општина Кочани, ќе се избираат нови членови на органите на Месната заедница Грдовци.. Изборот ќе се изврши на собир на граѓани што ќе се одржи на 28 јуни, со почеток во 19 ч., во училишната зграда во с. Грдовци. Граѓаните со право на глас треба да понесат лична карта.

Прочитај повеќе