СПОРТ 

Рокот за Петровденскиот турнир во мал фудбал – до 26.јуни

Општина Кочани како организатор на Петровденскиот турнир во мал фудбал, го продолжува рокот за пријавување на фудбалските екипи до понеделник, 26 јуни 2023 година, кога ќе се одржи и ждребувањето за утврдување на распоредот на екипите учеснички на турнирот.  Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на сметката на ОФС Кочани – 210041087870107 и да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години.  Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани  или од официјалната веб-страница  http://www.kocani.gov.mk.  Ждребувањето ќе започне…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Сите за хигиена во детските игралишта

На детските игралишта во Кочани е регистрирана честа појава на негрижливо, несовесно однесување. Кон просторот наменет за забава на најмладите, посебно неодговорно однесување  е забележано од страна на возрасните, со остатоците од храна, грицки и пакувањата од пијалаци. Надлежните служби од Општина Кочани повикуваатсите да придонесеме за хигиената во детските игралишта. Загрижувачка е и појавата на оштетување на урбаната опрема. Општина Кочани предупредува дека кон лицата коишто ќе бидат регистрирани дека ги уништуваат урбаната опрема и детските реквизити, ќе бидат преземани соодветни законски мерки.

Прочитај повеќе