СПОРТ 

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР 2023 ВО МАЛ ФУДБАЛ

Општина Кочани како организатор на ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ги повикува фудбалските екипи, најдоцна до 18.06.2023 година, да се пријават за учество на турнирот.   Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на с-ка 210041087870107 – ОФС Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години. Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани  или од официјалната веб-страница  www.kocani.gov.mk. Ждребувањето и започнувањето на натпреварите ќе биде во договор со екипите. Дополнителни информации на телефоните 077 881 346 или 072…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ГФК „Осогово“ – ВТОРОЛИГАШ (СЕГА Е ВРЕМЕ СИТЕ ДА СМЕ „ОСОГОВО“)

Шампионот во третата фудбалска лига исток, ГФК „Осогово“ од вчера е дел од второто по квалитет фудбалско натпреварување во државата, единствената втора лига. Овој факт повлекува линија на сето тоа што до сега е направено и тоа што треба да се направи за иднината на фудбалот во Кочани и пошироко, бидејќи  мора да се искористи како позитивна пресвртница. Успехот е можност сите фактори во градот, политички, стопански, спортски, индивидуални, поранешни и сегашни, да застанат зад клубот и да го подигнат фудбалот на највисоко ниво, како во времињата кога взаемната поврзаност…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ФК „Слога 1934“ не се спаси

ОТКАКО СЕ ОСТВАРИЈА СИТЕ КАЛКУЛАЦИИ КОЈ ИСПАЃА А КОЈ ОСТАНУВА, В САБОТА, СО ОДИГРУВАЊЕ НА ПОСЛЕДНОТО КОЛО, ЗАВРШИ ПРВЕНСТВОТО ВО ВТОРАТА ЛИГА НА МАКЕДОНИЈА. НОВИ ПРВОЛИГАШИ СЕ ВОСКА СПОРТ И ГОСТИВАР, БАРАЖ ЌЕ ИГРА ВАРДАР, А ИСПАЃААТ БОРЕЦ, СЛОГА И ЛОКОМОТИВА. Во саботата заврши првенството во единствената втора лига на Македонија, кое во финишот беше филигрански изрежирано според потребите на највлијателните клубови. Аутсајдери победуваа фаворити, резултати одекнуваа сензационално, а сепак од никаде никакви реакции на незадовоство или задоволство. Во последното коло, како и во неколкуте пред него, тие што требаше…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Слога 1934“ и се е можно !

Речиси прежалената „Слога 1934“ во два натпревара едно по друго ги шокира љубителите на фудбалот со сензационални резултати, и тоа не против било кој, туку со Пелистер, на кој му откина бод, и особено „Беласица“ која ја победи среден Струмица. Извонредниот резултат од 3:2, вреди три злато вредни бода, но мошне битно е и тоа што се разбудија стрелците. Двата неочекувани резултата го кренаа оптимизмот во екипата на високо ниво, па сега ситуацијата на табелата е таква што борбата за опстанок и шанските стануваат реалност. Во прилог на Слога и…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ФК „Слога 1934“ ремизираше против „Пелистер“

Сензационален бод на ФК „Слога 1934“ освоен против фаворитот „Пелистер“ од Битола, на стадионот „Филип Втори“ во Виница, во рамките на 23 коло од втората лига. Со овој нерешен резултат, 1:1, составот на Крсте Крстев покажа дека има квалитет, но тој доаѓа до израз тогаш кога фудбалерите играат растеретено и без грч поради опстанокот. Дека екипата има карактер покажа упорноста и борбеноста на виничани, кои и по водството на битолчани до кое стигнаа во првото полувреме, израмнија на неколку минути пред крајот на средбата. Тоа што веројатно е најважно за…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ го „преплива“ „Дојранско езеро“

МЛАДИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА ОСОГОВО, ПРЕДВОДЕНИ ОД ФЕНОМЕНАЛНИОТ ТОШЕ МАНОВ, ОСВОИЈА ТРИ БОДА ВО ДОЈРАН И ЈА ЗАЧУВАА БОДОВНАТА ПРЕДНОСТ ПРЕД КОНКУРЕНТОТ ОВЧЕ ПОЛЕ, ВО БОРБАТА ЗА ПРВАТА ПОЗИЦИЈА. НА СРЕДБАТА АКАДЕМИЈА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО – РУДАР ПОСТИГНАТИ 10 ГОЛА, А РЕЗУЛТАТОТ 6:4 ЗА ДОМАЌИНОТ. Минимално, со 2 : 1, но сосема заслужено Осогово го победи Дојранско езеро во Дојран, за да ја задржи бодовната предност пред конкурентите за првата позиција и да потврди дека во оваа полетна екипа, предводена од голгетерот Тоше Манов, има материјал за поголеми фудбалски достигнувања. Осогово во Дојран…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Стипендии за спортистка и спортист

Општина Кочани доделува 2 (две) стипендии на спортисти – спортска надеж на Општина Кочани за остварени спортски резултати и достигнувања во 2022-та година. Стипендијата-спортска надеж на општина Кочани се доделува на една спортистка и еден спортист. Износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно. Стипендијата се доделува за време од 10 (десет) месеци, во текот на 2023 година.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Драганица куп“ закажан за в недела

В недела ќе се одигра овогодишниот „Драганица куп“ за млади фудбалски таленти, на кој ќе учествуваат три екипи од регионот. Покрај домаќинот „Осогово“ на турнирот ќе играат и екипите на „Каменица саса“ и „Слога 1934“, од генерацијата 2006-2007. Ќе се игра по италијански систем, секој со секого, по 40 минути. Турнирот започнува во 9 часот, а прогласувањето на победниците и закажано за 12 часот.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Каменица Саса“ пресилна за „Осогово“

Второлигашот „Каменица Саса“ со 3:1 го победи „Осогово“ на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани и покажа квалитативна разлика помеѓу двете натпреварувања. Гостите од Македонска Каменица одиграа сигурно и ефикасно, што е резултат на подобрата физичка и тактичка подготвеност во однос на жолто-сините, кои зад себе имаат нецели две недели тренинзи. По водството од 3:0 на искусните каменичани, младите осоговци преку Љупче Пеов успеаја да постигнат почесен гол. Во секој случај, дуелот против посилен противник му дава одговори на повеќе прашања на шефот на стручниот штаб Тимо Аксентиев, како во одбраната…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Собранието на ОФС одработи беспрекорно

Со присуство на 19 од вкупно 20 делегати, во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани Општинскиот Фудбалски Сојуз на Кочани го одржа редовното годишно Собрание на кое по усвојувањето на Дневниот ред на присутните им се обрати потпретседателот и член  на УО на ФФМ Лазар Ракиџиев, кој притоа му посака плодна работа на Собранието. Потоа беа избрани работно претседателство, записничар, оверувачи на записникот и верификациона комисија. Делегатите едногласно го подржаа и усвоија записникот од редовното изборно Собрание од 15 декември 2021 година, а беше усвоена и годишната сметка и извештајот…

Прочитај повеќе