СПОРТ 

ФК „Слога 1934“ ремизираше против „Пелистер“

Сензационален бод на ФК „Слога 1934“ освоен против фаворитот „Пелистер“ од Битола, на стадионот „Филип Втори“ во Виница, во рамките на 23 коло од втората лига. Со овој нерешен резултат, 1:1, составот на Крсте Крстев покажа дека има квалитет, но тој доаѓа до израз тогаш кога фудбалерите играат растеретено и без грч поради опстанокот. Дека екипата има карактер покажа упорноста и борбеноста на виничани, кои и по водството на битолчани до кое стигнаа во првото полувреме, израмнија на неколку минути пред крајот на средбата. Тоа што веројатно е најважно за…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ го „преплива“ „Дојранско езеро“

МЛАДИТЕ ФУДБАЛЕРИ НА ОСОГОВО, ПРЕДВОДЕНИ ОД ФЕНОМЕНАЛНИОТ ТОШЕ МАНОВ, ОСВОИЈА ТРИ БОДА ВО ДОЈРАН И ЈА ЗАЧУВАА БОДОВНАТА ПРЕДНОСТ ПРЕД КОНКУРЕНТОТ ОВЧЕ ПОЛЕ, ВО БОРБАТА ЗА ПРВАТА ПОЗИЦИЈА. НА СРЕДБАТА АКАДЕМИЈА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО – РУДАР ПОСТИГНАТИ 10 ГОЛА, А РЕЗУЛТАТОТ 6:4 ЗА ДОМАЌИНОТ. Минимално, со 2 : 1, но сосема заслужено Осогово го победи Дојранско езеро во Дојран, за да ја задржи бодовната предност пред конкурентите за првата позиција и да потврди дека во оваа полетна екипа, предводена од голгетерот Тоше Манов, има материјал за поголеми фудбалски достигнувања. Осогово во Дојран…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Стипендии за спортистка и спортист

Општина Кочани доделува 2 (две) стипендии на спортисти – спортска надеж на Општина Кочани за остварени спортски резултати и достигнувања во 2022-та година. Стипендијата-спортска надеж на општина Кочани се доделува на една спортистка и еден спортист. Износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно. Стипендијата се доделува за време од 10 (десет) месеци, во текот на 2023 година.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Драганица куп“ закажан за в недела

В недела ќе се одигра овогодишниот „Драганица куп“ за млади фудбалски таленти, на кој ќе учествуваат три екипи од регионот. Покрај домаќинот „Осогово“ на турнирот ќе играат и екипите на „Каменица саса“ и „Слога 1934“, од генерацијата 2006-2007. Ќе се игра по италијански систем, секој со секого, по 40 минути. Турнирот започнува во 9 часот, а прогласувањето на победниците и закажано за 12 часот.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Каменица Саса“ пресилна за „Осогово“

Второлигашот „Каменица Саса“ со 3:1 го победи „Осогово“ на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани и покажа квалитативна разлика помеѓу двете натпреварувања. Гостите од Македонска Каменица одиграа сигурно и ефикасно, што е резултат на подобрата физичка и тактичка подготвеност во однос на жолто-сините, кои зад себе имаат нецели две недели тренинзи. По водството од 3:0 на искусните каменичани, младите осоговци преку Љупче Пеов успеаја да постигнат почесен гол. Во секој случај, дуелот против посилен противник му дава одговори на повеќе прашања на шефот на стручниот штаб Тимо Аксентиев, како во одбраната…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Собранието на ОФС одработи беспрекорно

Со присуство на 19 од вкупно 20 делегати, во салата на „Мултикултурниот Центар“ во Кочани Општинскиот Фудбалски Сојуз на Кочани го одржа редовното годишно Собрание на кое по усвојувањето на Дневниот ред на присутните им се обрати потпретседателот и член  на УО на ФФМ Лазар Ракиџиев, кој притоа му посака плодна работа на Собранието. Потоа беа избрани работно претседателство, записничар, оверувачи на записникот и верификациона комисија. Делегатите едногласно го подржаа и усвоија записникот од редовното изборно Собрание од 15 декември 2021 година, а беше усвоена и годишната сметка и извештајот…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ започна со реми против прволигаш

Лошиот терен и четирите гола го одбележаа првиот контролен натпревар на Осогово, кое покажа повеќе отколку што се очекуваше, со оглед на фактот дека по долгата зимска пауза, фудбалерите во нозете имаа само неколку тренинзи. Сепак супер мотивиран против реномираниот противник  комбинираниот состав на „Работнички“ од Скопје, осогово одигра задоволитени 2:2. Први во водство дојдоа гостите а домаќините пред крајот на полувремето, преку Стефан Стефановски израмнија на 1:1. Условно, вториот состав на „Осогово“ кој Ефтим Аксентиев на почетокот на второто полувреме го внесе во игра, успеа да и донесе предност…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Неспортски гест на нашите спортисти

Изборот на најдобрите во спортот за 2022 година протече во позитивна атмосфера и на задоволство на спортистите од различни спортови, кои ја удостоија традиционалната манифестација. Општ впечаток е дека престижните признанија и награди завршија во вистински раце. Сепак, мала сенка на целиот настан фрли неучеството на претставник од Канал 8 во изборот, а на свечениот настан реакцијата на претставниците на карате клубот „Партизан“, кои откако јавно ја оспорија одлуката на Активот на новинари во категоријата најдобар спортист, не присуствуваа на манифестацијата на свечено доделување на признанијата и наградите. Причината е…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Избрани најуспешните во спортот за 2022

Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари од Општина Кочани и оваа година ја организираше манифестацијата Избор на спортист на годината. На синоќашната свечената манифестација беа доделени признанијата на најуспешните во спортот во Општина Кочани во минатата 2022 година. Признанието за Најдобар спортист на Кочани за 2022 го понесе фудбалерот на ГФК „Осогово“, Тоше Манов кому градоначалникот Љупчо Папазов лично му ја врачи плакетата. Признанија беа врачени и на Филип Стојанов од КК „Партизан“, Јована Давиткова, Сојуз на училишен спорт, Мартин Андонов од КГС „Кочани“, Наталија Карова од КК…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Подготовките од 31.01.2023, следуваат засилувања

СО НЕКОЛКУ ЗАМИНАТИ И СО ПРЕГОВОРИ ЗА АНГАЖИРАЊЕ НОВИ ЗАСИЛУВАЊА, „ОСОГОВО“ В НЕДЕЛА, НА 29 ЈАНУАРИ, ЌЕ ГИ ЗАПОЧНЕ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ПРОЛЕТНАТА ПОЛУСЕЗОНА, ВО КОЈА ГО ОЧЕКУВА БИТКА ЗА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА И ИСЧЕКОР КОН ЕДИНСТВЕНАТА ВТОРА ЛИГА. ТРЕНЕРОТ АКСЕНТИЕВ ЌЕ ИМА ТЕШКА ЗАДАЧА ДА СОЗДАДЕ РЕЧИСИ НОВ ТИМ, НО НА МАКА СЕ ПОЗНАВААТ ЈУНАЦИТЕ Есенскиот шампион и најголем аспирант за првото место во третата фудбалска лига Исток, ГФК Осогово“ на 29 јануари, на стадионот „Никола Мантов“, ќе ги започне подготовките за пролетната полусезона. Шефот на Стручниот штаб на жолто-сините Ефтим…

Прочитај повеќе