ЦРНА ХРОНИКА 

До полноќ ќе се води битка за спас на селото Тркање

Ноќва битката се бие за спасување на селото Тркање, бидејќи пожарот е стигнат на стотина-двесте метри од првите куќи. Во и околу Тркање врие од војска, пожарникари, граѓани кои се дојдени да го спречат ширењето на огнената стихија кон селото. На лице место се премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, пратеници од Кочани, градоначалникот и бизнисмени чии објекти се загрозени. Направен е своевиден жив ѕид од луѓе и механизација, по ридот од каде доаѓа пожарот, што асоцира на фронт помеѓу две сили, едната огнените јазици, другата народот. Попладнево…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Неофицијално, горат куќи и други објекти

Се повеќе панични повици се ширан на социјалните мрежи. Загрозените повикуваат на помош од општината, од државата и од граѓаните. Бараат вода, бараат противпожарни возила, бараат хеликоптери. На локално ниво засега никој не се огласува да ја процени ситуацијата и да реагира соодветно. Дел од граѓаните се во паника, бидејќи неофицијално, веќе се запалиле и изгореле две куќи. Многу повеќе се во опасност. Страв и паника и кај населението кое гравитира кон Јастребник, кон Полаки и другите планински села, каде голем пожар се шири без контрола и можност да се…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Кочани во обрач од пожари

Околу Кочани попладнево гори како во Турција. Речиси сардисано од огнената стихија е Бели, околу кое гори на ридот над селото, но и на просторот помеѓу Бели и градот. Селаните се излезени да спасуваат што може да се спаси од лозови и други насади, но и пчеларници, полски куќички и поголеми објекти. Жителите на Белското Маало во градот се излезени на улиците и коментираат што се случува и што може да се случи. Излетници на Пониква се јавуваат до Телевизија Кочани и Актуелности, со барање информација за проодност на патиштата…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Делегација од ОК ВМРО-ДПМНЕ положија свежо цвеќе во чест на Илинден

По повод големиот македонски празник Илинден- Денот на републиката,партиска делегација од ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани предводена од потпретседателот на Општинскиот комитет, Гоце Марков и Перо Ѓоргиевски положија свежо цвеќе пред споменикот на претседателот на Крушевската република Никола Карев, во Паркот на Револуцијата во Кочани.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Чествување на годишнините од Илинденската епопеја и Првото заседание на АСНОМ

По повод големиот македонски празник Илинден – Денот на Републиката, кога се одбележуваат 118 години од Крушевската република и 77 години од Првото заседание на АСНОМ, општински и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата.– Илинден спјува два историски настана за македонскиот народ. Овој празник е упориште на нашата самобитност и на нашето себепрепознавање, израз на вековниот стремеж за слобода и негово остварување. Нека им е вечна славата на сите борци за слобода и нека ни е честит и вековит празникот – вели во својата празнична честитка Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Прочитај повеќе