ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во градот „врие“, улиците „под режим“

Хаотична е состојбата со одвивањето на сообраќајот во ценралното градско подрачје деновиве, каде веќе не се знае кој сообраќаен режим функционира, која улица е проодна, и плус на сето тоа комплицираните кружни текови кои ги збунуваат и најшетаните возачи низ земјата и Светот. Гастарбајтерите со чудење вртат наоколу, двоумејќи се по кој сообраќаен знак да возат и кој правец да го фатат. Уште повеќе, каде да паркираат. Битно, на сите, на домашните и на „странците“ им е јасно дека наближуваат избори, па впечатокот дека на големо се гради – дејствува.…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Ветераните на „Младост“ Оризари, играа фудбал и се дружеа

Ветераните на накогашниот фудбалски клуб „Младост“ од Оризари, денеска го одиграа традиционалниот фудбалски натпревар кој собра над дваесетина поранешни фудбалери, сега распрскани низ Европа и Светот. Популарните „старци“ и во оваа прилика покажаа дел од своите фудбалски вештини, финти и дриблинзи, а голманите парадираа како „младичи“. Чудно е што и овој натпревар заврши без победник, 3 : 3, иако и едните и другите имаа по многу шанси за голови и победа. По натпреварот сите заедно седнаа на дружење и коментари околу тоа што се случуваше на теренот, како и на…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Турнирот во Зрновци ја враќа вербата во луѓето

Синоќешното финале на Илинденскиот урнир во Зрновци, помеѓу екипите на „Европа 92“ и „Фабијан“, донесе тврд и неизвесен натпревар, кој во регуларниот дел заврши со резултат 1:1. Победникот беше одлучен по изведувањето на пенали, каде попрецизни беа фудбалерите на „Фабиан“ кои го освоија победничкиот пехар на турнирот. Меѓутоа, покрај спортскиот дух на учесниците, турнирот го одбележа извонредниот хуманитарен гест на освојувачите на наградите, кои паричниот дел го донираа за малиот Јаков. Победникот 15.000 денари, второпласираната екипа 10.000 денари и третопласираната 5.000 денари. Плус 15.000 денари, колку што е наградата за…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалникот во посета на 52 годишната родилка

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ја посети 52-годишната Лилјана од Кочани, која се породи пред неколку дена во болницата „Мајка Тереза“ во Скопје, донесувајќи на свет здраво бебе. Притоа, градоначалникот и честиташе за нејзината храброст и упорност. За родилката Лилјана е најбитно што таа и бебето се чувствуваат добро и порача ниедна жена во поодминати години која сака да биде мајка да не се откажува, туку само да има добра мисла и да не отстапува од зацртаната цел.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Пожарот, причини и последици

Ноќеска конечно е окончана дводневната битка на противпожарните единици и на голем број граѓани со огнената стихија која ги зафати ридовите со сува трева и со борови насади, и се закануваше да се рашири на првите куќи во периферните населби. Вчерашното учество во гаснењето на двата хеликоптера дадоа значаен придонес во гаснењето, особено во непристапните предели. Денеска будно ќе се следи ситуацијата на терен за да не дојде до евентуално ново пламнување на пожарот на тоа што малку остана неопожарено, како што вчера се случи. Како мерка на претпазливост екипи…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Опасно гори во близина на Фабриката за вода

Густа чад од нов голем пожар, се издига на широк простор околу Фабриката за вода и во близина на периферните куќи на градот. Обемот на чадот зборува дека се работи за потпалена нова површина во боровите насади, овој пат многу поблизу до објектите, и премногу опасно. Противпожарната единица од Кочани се бори со огнената стихија во настојување да го спречат ширењето на пожарот кон градот и филтер станицата. Поради фактот дека дежурни екипи на ТППЕ од вчера дежураат на местата каде постои потенцијална опасност за повторно букнување на огнот, новиот…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Љупчо Папазов е кандидатот на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Општина Кочани

НЕОФИЦИЈАЛНО, ВМРО-ДПМНЕ СЕ ОПРЕДЕЛИ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ ВО ОПШТИНА КОЧАНИ ДА БИДЕ ЉУПЧО ПАПАЗОВ, КОЈ ЗА ПРВПАТ ЌЕ ТРЧА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, ДОЗНАВА АКТУЕЛНОСТИ.МК ОД ПАРТИСКИ ИЗВОРИ НА ЦЕНТРАЛНО НИВО. ОФИЦИЈАЛНОТО СООПШТУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ ЗА ПОВЕЌЕ ОПШТИНИ, МЕЃУ КОИ И ЗА КОЧАНИ, ЌЕ ГО ИЗВРШИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОВСКИ, НА 15. АВГУСТ. Актуелности.мк денеска од извори од ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, дознава дека партијата довербата за претстојните локални избори за градоначалник, ќе му ја даде на кандидатот Љупчо Папазов. Неколкуте анкети спроведени меѓу граѓаните во Општина Кочани, во изминатиот…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Нов пожар во боровите насади над градот

Денеска, нешто по 16 часот повторно се појави црна и густа чад од ридовите кон Градче, каде избувнал пожар во кој гори главно сува трева. Огнените чазици имаат зафатено и дел од боровата шума, што пожарот го прави уште попроблематичен за гаснење. И во моментот од конкретната локација се шири густа чад, што значи дека борбата со огнената стихија сеуште не е добиена. Напротив, пожарот се шири по ридовите кон Браната „Градче“, се спушта кон патот и многубројните објекти во клисурата на Кочанска Река, како и кон Филтер станицата. Штотуку…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

ИРИ го фали, некој тука го брука

Вечерва повторно профункционира релацијата на тесни интересни, градоначалник – службеничка за односи со јавноста – уредник на Канал 8. Имено, во 18 часот гледачите на осмицата беа изненадени кога ја проследија информацијата за Извештајот на ИРИ, веројатно добиена од службеничката на Општина Кочани, за највисоките оценки на градоначалникот. Изненадени затоа што оваа бомбастична информација не беше објавена во другите локални медиуми. Меѓутоа, четири часа подоцна, во 22,11 часот, на мејлот на ТВ Кочани пристигна истата информација, испратена токму од лицето за односи со јавноста вработено во Општина Кочани, кое плата…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Од неаплицирање, до адут. Кандидат е, или не?

Процесот за избор на кандидат за градоначалник во СДСМ добива по малку мистериозна димензија, која граѓаните ги става во ситуација на неизвесност и исчекување, што пак генерира бројни шпекулации. Компликативно вијание имаат и дијаметрално спротивните информации на два локални медиуми, од кои во еден беше објавено дека актуелниот градоначалник изјавил дека воопшто не аплицирал со кандидатура, па затоа го немало во првиот партиски пакет на кандидати. Другиот медиум од партиски извори дознал дека адут на СДСМ повторно ќе биде актуелниот градоначалник Николчо Илијев, кој водел на анкетите. Ваквата ситуација ги…

Прочитај повеќе