ОПШТИНА КОЧАНИ 

Спортска стипендија од Општина Кочани – за кошаркарот Дино Лазарев и каратистката Мартина Шахинова

Кошаркарот на „Баскет Дино“ Дино Лазарев и каратистиката на КК „Партизан“ Мартина Шахинова се стипендисти на Општина Кочани за спортските резултати што ги постигнаа минатата година. Дино Лазарев, кој е активен спортист во кошарката веќе 10 години, е член на Младинската  кошаркарска репрезентација со која  во 2022 година учествуваше на Европското првенство на М16, и беше оценет како еден од најдобрите и најпрецизни кошаркари.   Во 2022 година Мартина Шахинова освои второ место на Државното превенство во кадети, јуниори и сениори до 21 година и две трети места во категоријата…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Презентација на тестирањата на паметните уреди за мерење и управување на дел од системот за јавно осветлување во Кочани

Деновиве, во организација на НАЛАС, на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, во рамките на Состанокот на работната група за дигитализација, која работеше на тема: „Подобрување на дигиталната трансформација на локално ниво, владите во Западен Балкан и Југоисточна Европа преку соработка и партнерство“, претставници од Општина Кочани и Македонски телеком ги презентираа резултатите од тестирањето на паметните уреди за мерење и управување на дел од јавното осветлување во Кочани. Резултатите од тестирањата во Кочани беа претставени како дел од најдобрите практики во дигиталната технологија, трансформација и иницијативи за паметни градови – теми…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

КЈП „Водовод“- Продолжуваат мерките и активностите за целосно гасење на градската депонија

Пожарот кој пред извесно време избувна на градската депонијата во Кочани е ставен целосно под контрола. Меѓутоа депонијата која деновиве константно чадеше, претставува сериозен повеќе децениски проблем како за населението, така и за службите кои се борат со нејзиното гасење и смирување. Имено, гасењето одеше во отежнати услови, бидејќи во депонијата се наоѓа метан во поголеми количини кој е лесно запалив и брзо согорува. Но особено сериозен проблем при гасењето преставуваат лицата кои неовластено престојуваат на градската депонија поради што беа упатени писмени реакции од страна на КЈП “Водовод” Кочани…

Прочитај повеќе