ЦРНА ХРОНИКА 

Пожар во Хотелот „Центар“ во Виница

Денеска во доцните попладневни часови избувна пожар во Хотелот „Центар“, односно поранешната стоковна куќа лоцирана во центарот на Виница, од каде се креваше густа чад која ги вознемири граѓаните.  Со брза интервенција на противпожарните служби од Виница и од Кочани, пожарот е изгаснат за нешто повеќе од еден час, при што е спречена поголема катастрофа. Засега не се знаат причините за пожарот, како и предизвиканата материјална штета. Се очекува истрагата да го утврди сето тоа. Неофицијално, огнената стихија започнала од делот каде што биле сауната, но за среќа не ги…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Пуштено во употреба новото детско игралиште во ОУ „Никола Карев„

Денеска официјално е пуштено во употреба ,,Детското игралиште” во ОУ Никола Карев. Игралиште е дел од заедничкиот проект со Ротари клубот ,, Кочани-Виница” во склоп на проектот ,,НАПРАВИ РАЗЛИКА”, кој е финасиран од USAID заедно со Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип и РК Штип. – Ова детско игралиште е делот кој требаше ние како училиште да го финасираме за да останиот дел од заедничкиот проект, а тоа се две подлоги за кошаркарско и фудбалско игралиште се реализира од страна на пректот ,,Направи разлика”, истакна в.д директорот Александар…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

„Низ традицијата“ – концерт на класата по традициски инструменти од ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани

Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ синоќа го одржа првиот од серијата концерти насловени „Музичка среда“, на кој се претставија учениците што ги изучуваат традициските инструменти. Раководниот и наставниот кадар во кочанското музичко училиште оценува дека  богатата народна култура која е создавана со векови треба постојано да се надградува и да се пренесува од генерација на генерација.  Концертот под наслов „Низ традицијата“ го потврди интересот кај учениците и посветеноста во изучувањето на традициските инструменти. Учениците од класата по традициски инструменти настапија со ученици од класите по гитара и хармоника, со наставниците…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

Одбележана 118-годишнината од смртта на Никола Карев

Со свечена академија на ООУ „Никола Карев“ и полагање свежо цвеќе на спомениците, вчера и денеска беше одбележана 118-годишнината од смртта на големиот македонски револуционер и претседател на Крушевската Република, Никола Карев.  Општински делегации положија цвеќе на спомениците на Карев во Паркот на Револуцијата,  кај селото Тркање и во Спомен-паркот во Свиланово.  Претставници на Извидничкиот одред „Ластовица“ и ученици од ОУ „Никола Карев“ пешачеа од селото Пантелеј до Рајчани, односно до местото Свиланово, каде што загинал Карев.  ООУ „Никола Карев“ го претстави новоуреденото детско игралиште во школскиот двор, коешто е…

Прочитај повеќе