ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Заштита на лозјата од пепелница и пламеница

ЛОЗЈАТА СЕ НА УДАР ОД БОЛЕСТИ ПО ЧЕСТИТЕ ВРНЕЖИ, ЗАТОА СТРУЧЊАЦИТЕ ПРЕДЛАГААТ СООДВЕТНА ЗАШТИТА ПРОТИВ ПЛАМЕНИЦА И ПЕПЕЛНИЦА. ПРАВОВРЕМЕНАТА ЗАШТИТА ЗНАЧИ КВАЛИТЕТЕН И БОГАТ РОД Согласно спроведениот инспекциски надзор за утврдување на здравствената состојба на лозовите насади, во сите вински региони во државава, ДИЗ не информираше дека кај повеќето има појава на болестите пламеница и пепелница. Станува збор за економски штетници кои се честа појава особено во услови на зголемена влага, а во мометов климатските услови се многу погодни за ширење на болеста. Пламеницата на лозата е болест која редовно,…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Кочанските пензионери најтрофејни

НА 27-ТЕ РЕГИОНАЛНИ СПОРТСКИ ИГРИ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ШЕСТЕ ОПШТИНИ ВО РЕГИОНОТ, ЗП КОЧАНИ ОСВОИ НАЈМНОГУ ПРВИ И ВТОРИ МЕСТА, СО ШТО Е НАЈУСПЕШНО ЗДРУЖЕНИЕ. СВОЈАТА ДОМИНАЦИЈА ЈА ПОТВРДИЈА ФУДБАЛЕРИТЕ И КОШАРКАРИТЕ, АТЛЕТИЧАРИТЕ … Здружението на пензионери од Кочани и годинава учествуваше на 27 по ред пензионерски спортски игри што се одржаа во Делчево, каде се натпреваруваа спортисти од шест здруженија во регионот. Постигнатите резултати се мошне добри и се на задоволително ниво, оценува Претседателот на Комисијата за спорт при ЗП Кочани, Крале Спанчевски. Победниците по дисциплини обезбедија учество на…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Советничка група на СДСМ :СТОП за зголемување на трошоците и услугите на граѓаните на Општина Кочани!

Почитувани сограѓани, Градоначалникот Папазов и директорот на КЈП Водовод, Антонио Паунов, бараат покачување на тарифата за снабдување со вода за пиење, канализација и прочистување на отпадни води.  Зошто? Затоа што тендерот за времени партиски вработувања го потрошивте уште во месец март годинава? Во време на светска економска криза, кога Владата предводена од СДСМ, обезбеди поефтина електрична енергија за јавните комунални претпријатија, градоначалникот Папазов и директорот на КЈП Водовод – Антонио Паунов сакаат да ги поскапат услугите за граѓаните. Во овие кризни моменти со кои се соочува нашата држава, способност на локалната…

Прочитај повеќе

Советот на Општина Кочани ја одржa 29. редовна седница

Советот на Општина Кочани ја одржа 29. седница на која ги усвои годишните планови за вработување за 2024 година на СОУ „Гошо Викентиев“, ООУ „Малина Попиванова“ и ООУ „Раде Кратовче“, како и предлог-одлуката за давање на користење без надоместок на простории, сопственост на Општина Кочани, на Месната заедница во с. Горни Подлог.  Членовите на Советот не ја усвоија измената на Годишниот план за вработување во ЈОУ Библиотека „Искра“ за 2023 година. Не ги усвоија и предлог-одлуките за измена на одлуките за утврдување тарифи за снабдување со вода за пиење, пречистување на отпадните…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР 2023 ВО МАЛ ФУДБАЛ

Општина Кочани како организатор на ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ги повикува фудбалските екипи, најдоцна до 18.06.2023 година, да се пријават за учество на турнирот.   Екипите се должни при пријавувањето да уплатат котизација од 2 000 денари на с-ка 210041087870107 – ОФС Кочани, да достават име на екипата и список од десет играчи со наполнети 16 години. Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани  или од официјалната веб-страница  www.kocani.gov.mk. Ждребувањето и започнувањето на натпреварите ќе биде во договор со екипите. Дополнителни информации на телефоните 077 881 346 или 072…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Пешачењето е здравје: Општина Кочани и Клубот за планинарски спортови „Москито“  в сабота организираат планинарска тура до врвот Панаѓур на Осоговските Планини

В сабота, на 10 јуни, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Москито“ од Кочани организира планинарска тура на релацијата Пониква – Панаѓур – Пониква, под мотото Пешачењето е здравје. Движењето ќе биде организирано во група што ќе ја водат планинари од КПС „Москито“, а во активноста ќе се вклучат и членови на Извидничкиот одред „Ластовица“. Планинарската тура до врвот Панаѓур е со вкупна должина од 6 км и се поминува за околу три часа. На врвот Панаѓур (1669 м н. в.) ќе има кратка презентација за правилата…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Музичкото училиште „Ристо Јуруков“ го одбележа патрониот празник

Со концерт на наградените ученици од државните и меѓународните натпревари и настапи на хорот, наставници и на оркестарот од традициски инструменти,  Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ го одбележа патрониот празник – 67-годишнината од своето постоење и 96. роденден на неговиот основач, професорот Јуруков.   Директорката на училиштето Марија Лазарова го истакна задоволството од континуирано високите резултати што ги покажуваат учениците на натпреварите, што  на ОМУ „Ристо Јуруков“ му дава значајно место во музичкото образование и култура во општината и пошироко. На одбележувањето на патрониот празник, ученикот Никола Илиев беше прогласен…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Страотен судар на џип и шевролет, тројца загинати

Епилогот на страотната сообраќајна несреќа кај Кадрифаково е три лица загинати, меѓу кои и 15-годишна девојка. Сообраќајната несреќа која денеска околу пладне се случи на автопатот Штип-Миладиновци, во близина на патарината кај селото Кадрифаково зацрни семејство. Според портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова, 15-годишната девојка и 62-годишна жена загинале на самото место, а потоа во Клиничката болница во Штип починала и 37-годишна жена, која имала тешки телесни повреди. Во несреќата учествувале две возила, а покрај загинатите во штипската болница се примени уште четири лица, од кои едно дополнително било пренесено…

Прочитај повеќе