ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Манастирот „Добра Вода“ ја празнуваше Пресвета Богородица

На втор ден Божиќ на манастирот „Добра вода“ во Оризари се одбележува празникот на Пресвета Богородица со народен собир. На овој голем црковен народен собир, кој од година во година прерасна во традиција, присутен беше и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов, заедно со директорот на КЈП „Водовод“, Иван Иванов. Секоја година се дели лепче со паричка, домаќинките принесуваат сукани зелници, а се пеат и свират традицинални народни песни и ора. И оваа година присутните уживаа во исполнување на народните македонски песни од страна на ФА „Љупчо Сантов“ – Оризари. Градоначалникот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Дождот и снегот со мали проблеми

ВРНЕЖИТЕ ОД ДОЖД И СНЕГ, КОИ ОД НОЌЕСКА ГО ЗАФАТИЈА РЕГИОНОТ, ПРЕДИЗВИКУВААТ САМО МАЛИ ПРОБЛЕМИ ВО ПОЛСКИТЕ СЕЛА. НА ПАТИШТАТА РЕГИСТРИРАНИ ПОМАЛИ ОДРОНИ. НА ПОНИКВА СНЕГОТ ДОСТИГНА ДЕСЕТИНА САНТИМЕТРИ, НО ПАТОТ Е ПРООДЕН Новиот влажен бран донесе нови интензивни врнежи од дожд и снег во регионот. Поради високото ниво на подземните води, дождот иако слаб, предизвика полнење на пониските дворни места на семејни куќи во полските населени места, но засега не создава поголеми проблеми. На повеќе патни правци се регистрирани мали одрони, кои засега не предизвикуваат прекин во сообрачајот. Од…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Забранет ловот на истокот

По Решението издадено од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, со кое се забранува секаков вид одстрел на дивеч во ловиштата под концесионерство на ЛЗ „М. Каменица Саса“, денеска забраната се прошири и во ловиштата во општините Кочани, Виница, Берово, Пехчево, Пробиштип, Зрновци, Чешиново-Облешево и Карбинци. Ловните здруженија се должни да ги известат своите членови за забраната, бидејќи полицијата има наредба да ги казнува ловците кои тргнале на лов, или ќе бидат затекнати на терен. Спроведувањето на мерката ја следат низа нелогичности и недоречености, поради што може да се…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Шок „бомба“ за ловџиите

Како гром од ведро небо грмна веста за забрана на ловот и одстрел на дива свиња за ловците членови на Ловечкото здружение „Каменица Саса“ со седиште во Македонска Каменица, но кое има концесии во повеќе општини на истокот. Забраната е во сила од 7-ми јануари годинава, а мерката е последица на појавата на болеста Свинска чума кај свињи на приватен одгледувач во селото Драмче, делчевско. Такво соопштение здружението го лиферувало до своите членови, а се однесува на целосна забрана, односно прекин на ловот на секаков вид дивеч. Соопштението наиде на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалникот Папазов го посети новороденото бебе на Гинекологија

Првото бебе во Кочани се роди попладнево на Акушерското одделение при општа болница со проширена дејност Кочани. На свет го донесе мајката Ивана Тасова. Породувањето го изврши гинеколот др. Илчо Атанасовски и истото помина без проблеми. Инаку на Акушерското одделение во Кочани во 2021 година се родиле повеќе новороденчиња во споредба со 2020 година, информираше специјалист гинеколог Др. Фонзи Јуруков. Ноќеска се роди првиот жител на Кочани во 2022 година. Тоа е здраво женско бебе тешко 3400 грама. Породувањето помина без проблеми. Инаку во споредба со 2020 година, 2021 на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Посета на дежурните служби од страна на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети дежурните екипи на Полициската станица – Кочани и Територијалната противпожарна единица – Кочани. Од Полициската станица во Кочани информираат дека новогодишната ноќ поминала без нивни посериозни интервенции и во мирна атмосфера, додека од Територијалната противпожарна единица известија дека во текот на новогодишната ноќ имале една интервенција на запален оџак во Кочани и една интервенција на пожар во помошен објект во с. Теранци, со што се спречило пожарот да се прошири кон куќата. Затоа од ТППЕ-Кочани упатуваат апел и потсетување кон граѓаните за…

Прочитај повеќе