КУЛТУРА 

ДАФ доби нов директор и средства

Две работи му се случија на Драмскиот аматерски фестивал деновиве, кои најавуваат посодржајна и поквалитетна организација. Првата е одобрените средства од Министерството на култура во износ од околу 370.000 денари. Втората е промената на извршниот директор на ДАФ. На местото на Дарко Спасов собранието ја избра актерката Кристина Атанасова Арсова. До промената дојде по поставувањето на Спасов за в.д. директор на Националната установа „Театар Комедија“, функција која бара голема посветеност и ангажман. Со доаѓањето на Атанасова Арсова на чело на ДАФ, и со финансиската поддршка од Министерството за култура, која…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Библиотека „Искра“ го одбележа 21 февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По повод 21 февруари, Денот на мајчиниот јазик, денеска во просториите на ЈОУБ „Искра“ се одржа стручно излагање на тема „Мајчин јазик – минато, сегашност и иднина“ од проф. Александар Димитров и литературно читање од ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани. – Целта на ова одбележување е пред се да се промовира и негува мајчиниот јазик, но и да се промовираат, толерираат и учат останатите јазици во светот. Оваа година прославувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во нашата библиотека, на наше големо задоволство го реализираме во соработка со…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

За „Осогово“ кобни првите четири минути

Почетните четири минути беа пресудни за конечниот исход на натпреварот помеѓу „Осогово“ и „Беласица“, бидејќи додека фудбалерите сеуште не беа загреани, гостите за стотина секунди постигнаа два гола и го насочија текот на играта во своја корист. Залудни беа подоцна мошне добрите дваесетина минути апсолутна доминација на домаќините, кои создадоа две стопроценти шанси за гол, но немаа среќа и не се снајдоа најдобро, дури и кога беа на два-три метри пред противничката мрежа. Притискаа осоговци и во второто полувреме, меѓутоа струмичани успешно се бранеа, за пред крајот да искористат една…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Реконструкцијата на Градскиот парк се одвива со забрзано темпо

Реконструкцијата на Градскиот Парк е во континуитет. Имено, вечерва профункционира новото јавно осветлување во паркот, кое е дел од новото руво на паркот. Реконструкцијата се одвива со забрзано темпо и е во завршни фази. По целосното завршување на реконструкцијата на Градскиот Парк, ќе се реконструира и детскиот парк кај летната сцена, за којшто проект во тек е постапката за избор на изведувач.

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Папазов и Капраун за германската инвестиција

ПРЕТСТАВНИЦИ НА ГЕРМАНСКАТА ИНВЕСТИЦИЈА ВО КОЧАНИ, ВО РУДНИКОТ ЗА ГАБРО „МЕРИСТЕМ ТОБИ“ КАЈ ПАНТЕЛЕЈ, КОЈА СЕ ПРЕТВОРИ ВО КАМЕНОЛОМ, РАЗМЕНИЈА МИСЛЕЊЕ И ИДЕИ СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ ЗА ИЗНАОЃАЊЕ ЗАЕДНИЧКИ ИНТЕРЕС ЗА СОРАБОТКА И РАЗВОЈ.  Вчера во кабинетот на градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов се одржа работна средба со Гунтер Капраун, генерален директор и Кабир Бариов, извршен директор на компанијата „Меристем Тоби“ во Кочани. На средбата беа разменети искуства и идеи за идна можна соработка, како и информирање и промовирање на бизнис плановите на компанијата, која очекува поддршка и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Извидничкиот одред „Ластовица“ со акција за засадување садници

Преставници од извидничкиот одред „Ластовица“ – Кочани денеска се сретнаа со градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папзов. На денешната средба извидниците го запознаа градоначалникот со нивните активности и планови. Како една од нивната предвидена активност деновиве ќе биде засадување садници. Активноста за пошумување ќе се спроведе овој вторник, 22.02.2022 година на локалитетот „Бавчалук“, со поддршка од Локалната самоуправа.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во ДГ Павлина Велјанова одржана работилница „Играме и споделуваме„

Водечката градинка „Павлина Велјанова“ веќе трета година ја имплементира програмата за социјална кохезија и културен дијалог. Поради тоа во детската градинка вчера, 16.02.2022 година беше одржана работилница со наслов „Играме и споделуваме“, кој како настан беше прикажан пред публика со цел родителите да видат како децата социоемоционалнио се развиваат. Настанот беше емитуван во живо преку социјалните мрежи и привлече голем број гледачи и родители кои ја следеа подготвената програма. Присутен беше и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов кој ги поздрави децата, родителите и воспитувачките и искажа поддршка кон настанот…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Реакција од градоначалникот Љупчо Папазов на соопштението на ОО на СДСМ Кочани

Почитувани сограѓани, Како градоначалник на овој град, со оглед на мојата одговорна и чесна работа, преку отчетот за првите 100 дена ги информирав партиските челници, граѓаните и целата македонска јавност која можеше настанот да го следи со директен пренос во живо. За информирање на јавноста, изборите завршија на 31.10.2021 година и тогаш беа поразени политиките на претходната власт.Со преземањето на функцијата Градоначалник на ден 09.11.2021 година, затеков салдо на сметката на основниот буџет од 8,559,000 денари и обврски за склучени договори меѓу кои реконструкција на Градскиот Парк и реконструкција на…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОО на СДСМ Кочани : 100 дена локална власт во Кочани: 9 милиони денари на сметката на АВТО АТОМ,  5 нови вработување во Општината и 0 (нула) нови капитални инвестиции

Почитувани сограѓани, Денес сите сме сведоци дека локалната власт во Кочани за 100 дена донесе промени. Дали промените значат развој или уназадување на Кочани, оценете сами.Градоначалникот даваше отчет пред својот лидер, а не пред граѓаните, затоа што само тој може да му поверува за невистините кои беа искажани. Изгледа Градоначалникот ги потцени граѓаните и мислеше дека тие ќе заборават дека само  пред 100 дена се направи примопредавање на функцијата во која таксативно беa назначени сите проекти и состојби на сметки кои беа оставени. На 05.11.2021 година, на сметките на Општина…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

До 23 февруари е отворен конкурсот за стипендии за спортисти на Кочани 

Општина Кочани го објави конкурсот за доделување стипендии на спортисти – спортска надеж, за остварени спортски резултати и достигнувања во 2021 година. Право на стипендија имаат кандидатите кои се жители на општина Кочани, на возраст од 17 до 20 години, кои се членови на спортски клуб, друштво или асоцијација регистрирана во Агенцијата за млади и спорт со решение за вршење дејност спорт и членови на национални спортски федерации кои реализираат национални спортски систем на натпревари и учествуваат во меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години. Од оваа година, за првпат наместо една…

Прочитај повеќе