ЕКОНОМИЈА 

Од утре поскапува такси превозот

Такси превозниците од Кочани денеска се договорија од утре да возат по повисоки цени. Стартната цена од 60 се зголемува на 70 денари, а понатаму висината на превозот ќе зависи од должината на крајната дестинација. Цените како и на горивата ќе се определуваат на дневнпо ниво, што значи како ќе поскапуваат плинот, дизелот и бензините, така ќе поскапува и превозот. Инаку, и кај таксистите постои доза на страв од недостиг на горива, особено по најавата на поедини приватни бензински пумпи дека ќе ја стопираат продажбата поради непродуктивните мерки на надлежните,…

Прочитај повеќе
ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ 

Хуманитарна акција за настраданите во Украина

Општина Кочани во соработка со Црвен крст на РСМ,Општинска организација Кочани организира хуманитарна акција за собирање финансиски средства за настраданите во Украина. Целта на акцијата е да им се помогне на настраданите семејства во Украина, но првенствено да покажеме како општина добра волја и за општина Перејаслав Хмељницки , како една од збратимените општини на Кочани. Општина Кочани за таа цел самата ќе издвои средства од буџетот, но очекуваме и вклучување пред се од бизнис секторот во Кочани. Намерата а се спроведе хуманитарна акција за донација на прехрамбени продукти и…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Жител на Кочани со лични податоци на женско лице, земал брз кредит и два мобилни телефона

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Т.Т.(51) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.   На 12.12.2019 и на 17.02.2020, откако претходно ги прибавил личните податоци за оштетената, во два наврата ги искористил за онлајн апликации за брзи кредити и склучил договор за наменски кредити во нејзино име за набавка на два мобилни телефона, со што се стекнал со противправна имотна корист од 53.000 денари, нанесувајќи ѝ штета на оштетената во износ од 68.000 денари.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Ф.В.(24) од Кочани

На 07.03.2022 полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Ф.В.(24) од Кочани, бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во врска со случајот, на 08.03.2022 лишени се од слобода Д.Т.(36) и М.А.(52), двајцата од Кочани, бидејќи и кај Д.Т. била пронајдена и одземена марихуана.   По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, по чл.215 од Кривичниот законик.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

На „Пониква“ ќе се обучуваат 60 планинари

На 13 март на Пониква, ќе се одржи „Зимската планинарска школа“, која ја организира Планинарскиот спортски клуб „Осогово“, во соработка со Федерацијата за планинарство на Македонија и планинарски клубови од државата. Предавањето и показните вежби ќе се одржат на ски-патеката број 3, близу манастирот „Св. Василиј“ а ќе учествуваат над 60 љубители на планинарањето. Вештините на планинарењето на идните планинари ќе им ги презентираат искусни водичи, предавачи и планинари. Од ПСК Осогово велат дека целта на обуката е обновување и стекнување на знаења за безбедни зимски искачувања на планина. Во…

Прочитај повеќе