Ќе се распушти ли Советот на Општина Кочани?

Циркузијадата која актуелниот состав на Советот на Општина Кочани им ја приредува на граѓаните, како одминуваат седниците, се повеќе се приближува до некаква кулминација, која можеби може да заврши со предвремени локални избори!? Впрочем, такви понуди и повици можат да се слушнат и од говорницата, зачинети со обвинувања за незнаење, неконструктивност, неспособност, манипулации, подметнувања и слични негативни квалификации. А и што друго би можело да се очекува ако меѓу поедини советници е присутно сомневање дека во Советот мириса на алкохол, психотропни супстанци, (читај дрога), поради што се наметнува потребата од…

Прочитај повеќе