ОПШТИНА КОЧАНИ 

Поставени туристички информативни табли на Пониква

Деновиве Македонското еколошко друштво во соработка со Заштитеното подрачје „Осоговски Планини“ на Пониква ги промовираше поставените информативни табли за посетителите. Таблите имаат информативен карактер и содржат општи податоци за заштитеното подрачје, неговата геолошка и биолошка разновидност како и интересни податоци и факти за туристичката понуда во регионот. Туристичките информативни табли се изработени во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија. Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), која има за цел да и помогне на Македонија во зачувување…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Нови пролетни озеленувања на градските површини

Во текот на изминатите недели заклучно со денешниот ден, извршено е пролетно разеленување на повеќе локации во градот. На дел од локациите станува збор за засадување нови садници, додека на дел се вршеше замена на постоечките исушени со нови садници. Денеска се засадија нови 11 садници на локација во Трговскиот центар во Кочани, во делот на детскиот парк, како замена на претходно постоечките. При посетата и увидот од страна на градоначалникот на Општина Кочани и директорот на КЈП „Водовод“ на тековните пролетни разеленувања, најавија дека истите ќе продолжат и во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Ништо од гламурозниот пешачки мост кај киното!?

Помпезно најавуваниот гламурозен проект од милион евра за уредување на паркот кај ЦК Бели Мугри, во еден сегмент полека издишна. Откако ќе заврши поплочувањето на над 5000 м2 површина со гранитни плочки, гламурот ќе заврши. Проектираниот стилски пешачки мост на Кочанска Река, непосредно под постоечкиот сообраќаен – нема да се гради. Бил излишен. Џабе фрлени пари. Прашањето е зошто тогаш се проектираше? Тоа што е откажан од претходното општинско раководство, а не од актуелното, не менува многу. Но, овој мегаломански проект, сега сведен на околу 700.000 евра, и ваков предизвикува…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Соопштение од КЈП Водовод

Се известуваат корисниците на вода од системот за водоснабдување на КЈП „Водовод“ дека в недела, на 27 март 2022 година, во периодот од  8 до 17 часот ќе има прекин на водоснабдувањето. Прекинот на испораката на вода е поради преспојување на реконструираниот дел на главниот цевковод во близина на бунарскиот систем кај главната пумпна станица ,,Грдовски орман“. КЈП ,,Водовод“ – Кочани

Прочитај повеќе