ЕКОНОМИЈА 

Реконструкција во „Пејпар Мил“

Компанијата „Пејпр мил“ од Кочани целосно го запре производствениот процес поради реконструкција на електрониката во машинскиот дел и воведување современа технологија. Од раководниот тим на фабриката истакнаа дека се работи за планиран прекин на работењето што нема да влијае врз статусот на вработените. -Со реконструкцијата ќе се воведе модерна германска технологија во електронската инсталација и ќе се постигне поголема ефикасност во работата. Инвестицијата беше претходно планирана и најавена, а очекуваме целата замена да трае до крајот на овој месец. Додека трае прекинот во производството, ангажманот на вработените ќе продолжи, односно…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Паркот го менува ликот , урнати леблебилџилницата и кафетеријата, ќе се постават нови

НАДАЛЕКУ ПОЗНАТИТЕ СОНЧОГЛЕД, СЕМКИ И ЛЕБЛЕБИИ НАСКОРО ЌЕ ДОБИЈАТ НОВ ПРОДАЖЕН ОБЈЕКТ НА ИСТАТА ЛОКАЦИЈА ВО ГРАДСКИОТ ПАРК. ДЕНЕСТА СТАРИТЕ ОБЈЕКТИ СЕ УРНАТИ, ЗАРАДИ ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ, А ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА ЌЕ БИДАТ ПОСТАВЕНИ НОВИ КИОСЦИ. Во рамките на реконструкцијата и уредувањето на градскиот парк, денеска вниманието на кочанци го привлече уривањето на двата продажни објекта, леблибиџилницата и кафетеријата, заради поплочување и на овој дел од паркот. Според информациите од сопствениците на истите, за неколку дена просторот ќе биде поплочен и уреден во раките на вкупниот проект, а потоа тие…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Во денешната акција засадени 120 садници во Усова чешма

По вчерашното засадување на 43 садници во месноста викана Калиманова глава на улица „Роза Петрова“, денеска беа засадени уште 120 нови садници во населбата Усова Чешма, односно покрај улицата која го спојува Кочани преку месноста викана Пресечена Скала со патот до месноста Крушка. Во акцијата на денешното засадување нови садници беа вклучени жителите на овој крај од градот, како и директорот на КЈП „Водовод“ и градоначалникот на Општина Кочани.  Досега беа разеленети површини на неколку локации во градот и ваквата пролетна акција за озеленување на Кочани ќе продолжи и во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Почна реконструкцијата на улицата Гошо Викентиев

Неодамна започна реконструкцијата на улицата „Гошо Викентиев“ во должина од 340 метри. Изведувач на градежните работи е компанијата „Ленди Груп“. Работните активности освен реконструкцијата и асфалтирањето на улицата, вклучуваат и менување на ивичњаци и изградба на тротоарските површини. Реконструкцијата на улицата е финансирана од Светска банка. На улицата „Гошо Викентиев“ претходно беше извршена замена на постојната водоводна линија и поставен нов атмосферски одвод, со поставување нови сливни решетки.

Прочитај повеќе