ОПШТИНА КОЧАНИ 

Асфалирањето на кружниот тек КТ5 на булевар „Тодосија Паунов„ е во завршна фаза

По вчерашното започнување на земјено-градежните работи и асфалтирање на кружниот тек КТ5 на булевар „Тодосија Паунов“, поставен e првиот слој асфалтна база, додека во текот на денешниот ден се поставува вториот слој. Се предвидува работните активности да завршат во текот на утрешниот ден, при што во следните денови ќе се работи на доуредување на тротоарските површини и уредување на зелените површни на кружниот тек од страна на КЈП „Водовод“ – Кочани.

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Известување од Ротари клубот Кочани-Виница

Ги известуваме граѓаните дека на ден 26 Март 2022 година (Сабота), со почеток во 18 часот Ротари клубот Кочани-Виница ќе организира трка, Rotary RUN, низ Кочанските улици. Стартот на трката ќе биде пред Домот на културата во Кочани. На трката ќе земат учество 220 учесници, меѓу кои и најдобрите натпреварувачи од Македонија. Настанот е веќе најавен и добиена е согласност од страна на Општина Кочани. Ова претставува одлична можност за промовирање на спортот и здравите животни навики, а воедно и културна промоција на нашиот град. Со цел успешно организирање на…

Прочитај повеќе