ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Снегот со мали проблеми, но корисен

ТРИЕСЕТИНАТА САНТИМЕТРИ СНЕГ НА ПОНИКВА ИЗНУДИЈА ДЕЈСТВУВАЊЕ ВО ЧЕТИРИ НАВРАТИ НА СЛУЖБИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ПАТ. ПАТИШТАТА ПРООДНИ НО ЛИЗГАВИ СО МОЖНОСТ ЗА ОДРОНИ. ЗА ПОЛЕДЕЛСКИТЕ КУЛТУРИ, ЛОЗЈАТА И ОВОШНИТЕ НАСАДИ ВЛАГАТА ДОБРОДОЈДЕНА Последниот 28 ден од февруари и првиот од март, донесоа снежна покривка спуштена на Плачковица и на Осоговските планини , дури до над населените места над Зрновци и Кочани, од снегот кој падна во текот на ноќта. Меѓутоа на Пониква снегот достигна дебелина од 30-тина сантиметри, поради што во текот на изминатите два дена Подружницата на Македонија Пат…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

За делчевци нема автобус до Скопје, ама има до Итралија …

ОД ДЕЛЧЕВО КОН СКОПЈЕ НЕМА НИ РЕДОВНА НИ ВОНРЕДНА АВТОБУСКА ЛИНИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ ДА МОЖАТ ДА СТИГНАТ ДО ГЛАВНИОТ ГРАД, АМА ЗАТОА ИМА ЛИНИИ ДО ИТАЛИЈА, ГЕРМАНИЈА, ШВАЈЦАРИЈА. ПРОБЛЕМОТ Е ШТО ВО ГРАДОВИТЕ И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА НА ИСТОКОТ НЕМА МНОГУ НЕШТА КОИ ИМ СЕ ПОТРЕБНИ НА ГРАЃАНИТЕ. НЕМА ЛОКАЛНИ ТЕЛЕВИЗИИ, НЕМА АСАЛНО ЗДРАВСТВО ОТИ НЕМА ЛЕКАРИ, НЕМА СУДИИ, НЕМА ДЕЦА ВО КЛУПИТЕ, НЕМА ЗЕМЈОДЕЛЦИ ПО ПОЛИЊАТА … Информацијата дека Делчево нема автобуска линија до Скопје и другите градови во државата, само ја потврдува суровата вистина за состојбите во крајниот источен…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Засадени нови 43 садници во месноста викана Калиманова глава

Согласно Програмата за животна средина, денеска на локацијата кај Детскиот парк во месноста викана Калиманова глава на улица „Роза Петрова“, беа засадени нови 43 садници, од кои 28 зимзелени и 15 листопадни дрвја.Станува збор за висококвалитетни и повеќегодишни садници. Во засадувањето и уредувањето беа вклучени вработените од КЈП „Водовод“ и Општина Кочани, комуналниот инспектор, градоначалникот Љупчо Папазов, со логистичка поддршка од ТППЕ Кочани. Се апелира до граѓаните грижливо да се однесуваат кон новите садници и животната средина и секое уништување на зеленилото ќе биде соодветно санкционирано.

Прочитај повеќе