КУЛТУРА 

Драмскиот аматерски фестивал на Македонија го објавува повикот на избор на претстави за 59-то издание

Фестивалската управа на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија го објавува повикот за избор на претстави за 59. Издание.Право на учество на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија – Кочани имаат аматерски театри, работилници, драмски секции, студија, групи кои аматерски се занимаваат со рецитаторство,  експериментални и алтернативни сцени и други форми на самостојно сценско изразување и организирање кои творат во полето на драмскиот аматеризам во категориите: театар за деца и младинци, драмски аматеризам со елементи на традиционални, современи, авангардни и експериментални сценски изразни средства и модели; На ДАФ – Кочани се прикажуваат…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалникот на општина Кочани на средба со крводарителите од Кочани

Денеска во просториите на Општина Кочани, градоначалникот Љупчо Папазов одржа средба со крводарителите од Кочани, по повод 17 март – Ден на формирањето на Црвениот крст на Република Северна Македонија и Ден на крводарителството во Република Северна Македонија. Градоначалникот најнапред ја изрази огормната благодарност кон крводарителите, искажувајки ја поддршката за нивната благородна и хумана мисија. Крводарителите истакнаа дека во периодот кој следи ќе се насочат кон организирање на повеќе вакви крводарителски акциии, каде сакаат да има поголемо вклучување на младите, како и на бизнис-секторот.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Практична обука на Доброволното противпожарно друштво

Доброволното противпожарно друштво кое дејствува како поддршка на професионалната Територијална противпожарна единица Кочани, денеска го помина практичниот дел од обуката за да се стекнат со потребните сертификати. Практичната обука беше изведена на месноста викана Пресечена Скала. Раководителот на центарот за обука на дирекција за заштита и спасување, Рамадан Асани, истакна дека теоретскиот дел бил завршен онлајн, а денеска преку практичниот дел ќе бидат прикажани нагледнитe средства со кои се гасат шумските пожари. – Со полагањето на практичната вежба од страна на Доброволното противпожарно друштво и стекнувањето со сертификат, ќе се…

Прочитај повеќе