Општина Кочани – лидер во транспарентност во Источниот плански регион

Општина Кочани е лидер во активната транспарентност меѓу општините од Источниот плански регион. Според мерењата извршени од Здружението „ИНИ“, во рамките на проектот „Со професионална администрација до ефикасни и квалитетни услуги на локално ниво“, Кочани е со високи 93 проценти исполнетост на обврските. Исто така, на највисоката позиција во транспарентност кај комуналните претпријатија е кочански „Водовод“, со 67 проценти исполнетост, пред претпријатијата во Берово, Делчево и Зрновци. Истражувањето на транспарентноста е вршено во текот на 2021 година, врз основа на утврдена методологија и структурирани прашалници за исполнувањето на обврските за активно објавување…

Прочитај повеќе