ОПШТИНА КОЧАНИ 

Претпразнична велигденска програма и базар

В четврток, на 13 април, со почеток во 10:45 ч., во Градскиот парк, основните и средните училишта од Кочани, под мотото „Сподели радост“, со пригодна претпразнична програма и Велигденски базар ќе дадат придонес во одбележувањето на најголемиот христијански празник – Велигден. На Велигденскиот базар учениците од ОУ „Свети Кирил и Методиј“ и „Малина Попиванова“ ќе наменат за продажба свои изработки, а собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за збогатување на програмските содржини од овогодишниот Велигденски хепенинг. Огромен придонес во одбележувањето на Велигден годинава дадоа учениците и менторите од машинската…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кочани – општина со дигитализирани услуги

Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска во Штип учествуваше на завршниот настан за промоција на резултатите од активноста „Дигитализација на општинските услуги во Источниот плански регион“, во рамките на проектот „Пост-КОВИД: Општините како двигатели за одржливиот развој“, финансиран од УНДП и Бирото за регионален развој. Со реализацијата на овој проект, жителите и компаниите во 11 општини добиваат пристап до дел од општинските услуги по дигитален пат преку имплементација на LoGeS – првиот софтвер за е-услуги на локално ниво во државата. Оваа активност претставува позитивен пример за подобрување на квалитетот на живот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Ученици со високи резултати кај градоначалникот

Градоначалникот Папазов организираше прием за тимови и ученици кои постигнаа високи резултати на натпревари Со цел да им честита за постигнатите резултати и да ги охрабри во натамошните настапи,  градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска прими и разговараше со  тимови, ученици и со нивните ментори кои остварија високи резултати на државни и се пласираа на меѓународни натпревари. Градоначалникот се сретна со тимот роботичари „The Makbot Pioneers“ од СОУ „Гошо Викентиев“, кој на Државниот натпревар по роботика беше севкупен победник во сите категории и ќе настапува на Светското првенство кое оваа година…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

ФК „Слога 1934“ ремизираше против „Пелистер“

Сензационален бод на ФК „Слога 1934“ освоен против фаворитот „Пелистер“ од Битола, на стадионот „Филип Втори“ во Виница, во рамките на 23 коло од втората лига. Со овој нерешен резултат, 1:1, составот на Крсте Крстев покажа дека има квалитет, но тој доаѓа до израз тогаш кога фудбалерите играат растеретено и без грч поради опстанокот. Дека екипата има карактер покажа упорноста и борбеноста на виничани, кои и по водството на битолчани до кое стигнаа во првото полувреме, израмнија на неколку минути пред крајот на средбата. Тоа што веројатно е најважно за…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Општина Кочани го одбележува 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите

Општина Кочани во соработка со ромски граѓански здруженија денеска го одбележа 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Во пресрет на празникот, на јарболите пред општинската зграда утрово беше кренато ромското знаме, а градоначалникот Љупчо Папазов оствари средба со претставници на ромската заедница, на која беше разговарано за политиките и надлежностите во кои треба да се зајакнува поддршката на Ромите, за што беше потпишан и меморандум за соработка. Напладне, во малата сала на Мултикултурниот центар, под мотото „Заедно можеме“ се одржа културно-уметничка програма, на која свое обраќање имаше градоначалникот Папазов. Во…

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

ОУ „Малина Попиванова“ го прослави патрониот празник

Основното училиште „Малина Попиванова“ го одбележа патрониот празник – 121 година од раѓањето на македонската револуционерка и 38 години од основањето на училиштето. По тој повод градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов и членови на Советот на Општината, како и училишни и делегации од СЗБНОВ, положија свежо цвеќе и оддадоа почит пред бистата на Попиванова во училишниот двор. Пред многубројната публика беше прикажана свечена програма во која учествуваа учениците од одделенска и предметна настава. 

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Пролетна акција за косење на тревни површини во Оризари

Акција за косење на нараснатите тревни површини, се одвива низ целата Општина Кочани. Започнати уште кон крајот на минатата седмица, активностите на вработените од одделението за градско зеленило со поддршка на Општина Кочани, ќе ги опфатат сите месни и урбани заедници во градот и населените места. Косењето на тревната вегетација претходните денови се одвиваше во речното корито во Оризари. Ваквите активности дополнети со уредувањето на парковското зеленило се предвидени да продолжат и во наредните денови во населбата Оризари.  Целата на ваквите акции е да се уредат зелените тревни површини согласно…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

КЈП „Водовод„ со соопштение за дислокација на потисен цевковод

Во рамките на своите предвидени и планирани работни активности, вработените во одделението за оддржување и реконструкција на водоводната мрежа извршија оперативни активности за дислокација на потисниот цевковод со дијаметар од 250 mm. Причината за реконструкцијата беше наметната поради тоа што во таа точка минува новиот колектор за отпадни води од с. Тркање и истиот ќе биде поврзан на ПСОВ (Пречистителна станица за отпадни води). Целокупната интервенција беше спроведена од вработените на КЈП “Водовод” Кочани со сопствена механизација и не влијаеше врз квалитетот на услугите кои комуналното претпријатие ги испорачува до…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Со закана со пиштол решавал недоразбирања кај градската депонија над С.Бели

На 05.04.2023 во 13.30 часот во ОВР Кочани, В.М.(26) од с.Владевци, струмичко, пријавил дека околу 09.45 часот на Градската депонија во Кочани над с.Бели – патот кон ,,Пониква“, едно лице му се заканило со пиштол. За настанот бил запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Маж падна на улица во бессознание

МАЖ НА ВОЗРАСТ ОД СЕДУМДЕСЕТИНА ГОДИНИ ПАДНА НА УЛИЦА И ОСТАНА ВО БЕЗСОЗНАНИЕ. ВЕРОЈАТНО ОД УДАРОТ СО ГЛАВА НА АСФАЛТОТ, МУ ИМАШЕ ИСТЕЧЕНО КРВ ОД НОСОТ. ЕКИПА НА ИТНАТА ПОМОШ ГО ОДНЕСЕ ВО КОЧАНСКАТА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА ЗАРАДИ УКАЖУВАЊЕ СООДВЕТНО ЛЕКУВАЊЕ. Денеска, околу 10 часот, на Улицата Д-р Николиќ, во центарот на Кочани, маж на возраст од околу 70 години, движејќи се по коловозот, паднал на асфалтот и останал во безсознание. Старецот одел пешки, со помош на бастун, држејќи во едната рака некакво кесе. Од носот му имаше истечено крв, веројатно…

Прочитај повеќе