КОМЕНТАР 

Слобода на медиумите на кочански начин

Новинарите во Општина Кочани, но и во државата, и оваа година ниту направија нешто, ниту му се израдуваа на 3. Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, бидејќи во реалноста ги живеат најтешките години од социјален и секаков друг аспект на функционирањето на професијата. Слободата всушност е разнебитена бидејќи системот функционира под мотото „пишувајте што сакате, нас тоа не не засега“, а тоа е полошо дури и од неслободата. Еден вид совршена манипулација со независното и слободното новинарство. Во тој контекст, негативниот пример и искуство од Кочани, поради многу…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Драчевичани го кренаа гласот против толерирањето на насилството, кражбите и дивеењето со возила

Жителите од населбата Драчевик денеска го одржаа најавениот мирен протест со цел да ги алармираат институциите и локалната власт за проблемите со кои се соочуваат откако е вселена ламела 2 од блокот социјални згради. Директен повод за нивната реакција е почетокот на изградбата на третата ламела, која на драчевичани ќе им донесе нови соседи, а тие стравуваат дека меѓу нив повторно ќе има проблематични поединци, кои додатно ќе им го нарушат мирот и ќе предизвикаат други проблеми. Подготвени се да ја блокираат изградбата на зградата, се додека не добијат гаранции…

Прочитај повеќе