Екологија 

Сите мерења на емисиите, под границите на дозволеното

– Пејпар Мил ја информира јавноста дека сите мерења на емисиите од фабриката извршени од страна на акредитирана лабораторија во месеците септември, ноември и декември 2021 година, како и Јануари годинава покажуваат вредности на емисии на количество на прав во димните гасови во воздухот до дваесет пати пониски од нормата. И Инспекцијата на Државниот инспекторат за животна средина преку Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Североисточен и Источен регион, Канцеларија во Штип направена во октомври 2021 година утврди дека Пејпар Мил користи био-гориво од сончогледови пелети за целиот технолошки процес.…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Известување од Општина Кочани

Поради изведба на градежни активности на улицата „Стево Теодосиевски“ (поранешна „Ленинова“), се известуваат граѓаните, в среда, на 16 февруари 2022 г. да не ги паркираат возилата на потегот од крстосницата кај Двојниот мост до спојот на улицата „Стево Теодосиевски“ со кракот на улицата „Глигор Апостолов-Гочо“. Општина Кочани

Прочитај повеќе
ОБРАЗОВАНИЕ 

ОМУ „Ристо Јуруков“ со плодни успеси и за време на пандемијата

Музичкото училиште ОМУ,,Ристо Јуруков“ континуирано учествува на државни и меѓународни натпревари и постигнува високи резултати. Успесите на овие ученици беа високи и за време на пандемијата. По тој повод, денеска градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети учениците кои учествуваа на меѓународни и државни натпревари и им подели благодарници со подарок, посакувајќи им уште многу високи достигнувања и истакнувајќи ја поддршката од страна на Локалната самоуправа за нивните активности во иднина. Овие музички локални амбасадори се јадрото на развитокот на културата на локално ниво, кои неуморно работат со помош…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Осогово“ поразено во добра игра

Осогово ја одигра генералката пред стартот на првенството на 19 февруари, во Кратово, против одличната екипа на Силекс. Резултатски жолто сините не поминаа добро, бидејќи загубија со 3:0, но шефот на стручниот штаб Александар Андов во телефонски разговор, непосредно по натпреварот, изјави дека е задоволен од прикажаното од неговите избраници, бидејќи имале одлични периоди на комбинатрорна и допадлива игра. Во деновите до првиот овогодишен првенствен натпревар, кој се игра во сабота, во 14 часот, ќе се работи на подобрување на ефикасноста, односно на подобра реализација, бидејќи фудбалерите создаваат шанси, но…

Прочитај повеќе
ФОТО-ВИДЕО ВЕСТ 

Кружни текови како скриена опасност

Предолгата изградба на многу објекти, особено во делот на патната инфраструктура, и несекогаш соодветната сигнализација, оставаат премногу простор голем број возачи да се најдат пред искушенија и предизвици, па и реална опасност, при најмало невнимание да доживеат сообраќаен инцидент или друга посериозна несреќа. Денеска нашата камера регистрираше патничко моторно возило кое ја промашило кружницата кај поранешната Фабрика за хартија и преку рабникот се качило на средишната површина предвидена за зеленило. Со оглед на фактот дека ова е најмалку трет случај возачите наместо да вртат околу кружниот тек, возат право, зборува…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

КОИ СЕ (НЕ)ОСТВАРУВАЊАТА ОД РАБОТЕЊЕТО НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА НА ЧЕЛО СО ПАПАЗОВ ВО ПРВИТЕ 100 ДЕНА?

Почитувани сограѓани, По првите 100 дена од стапувањето на функцијата градоначалник немаме никаква првична анализа со која би се презентирала работата на Љупчо Папазов на кочанската јавност.Секој би се запрашал – зошто?! Колку и да се трудат да манипулираат, вистината е една и единствена – немаат ништо што да кажат затоа што во првите сто дена од преземањето на локалната власт, Папазов и неговите сопартијци од ДПМНЕ беа презафатени со други проблематики на сметка на решенија за доброто на сите граѓани. Имено, Папазов и ДПМНЕ целосно се сконцентрираа на што е можно побрзо…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Во полициска акција во Кочани, затворени три локали. 35 лица немале вакцинален сертификат

Синоќа во Кочани се извршени инспекциски надзори во четири угостителски објекти и едно казино на територијата на градот. Три објекти се привремено затворени откако пазарната инспекција затекнала 35 лица без сертификат за вакцинација. Ќе биде поведена прекршочна постапка со издавање прекршочни патни налози. Во еден објект, како што за „Слободен печат“ информираат од Пазарниот инспекторат, затекнати биле гости како пушат цигари и за нив ќе следи прекршочна постапка со издавање прекршочни платни налози. Се очекуваат повеќе информации од МВР за нивниот дел од акцијата.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Ефикасна генералка помеѓу „Слога 1934“ и „Тетекс“

Генералната проба пред стартот на првенството во Втората лига исток, Слога 1934 ја одигра на свој терен, против мошне добрата екипа на Тетекс. На стадионот Филип Втори во Виница се одигра интересен и пред се ефикасен натпревар, на кој двете екипи постигнаа по три гола, за нерешен исход 3:3. Шесте гола се доказ дека не се тактизирало, дека се играл отворен фудбал, со цел да се постигне гол повеќе од противникот. Инаку и двете екипи имаа свои периоди во текот на натпреварот, во кои ги постигнуваа головите. Слога 1934 која…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОО СДСМ Кочани: Државата продолжува да се грижи за земјоделците

Владата на Република Северна Македонија деновиве обезбеди парична помош на сите земјоделци чии посеви беа оштетени од поплавите кои ја зафатија нашата општина во август 2020-та година. Со 224-те поднесени барања се опфатени правни и физички лица чии оштетени градинарски култури опфаќаат површина од над 100 хектари земјоделско земјшите и за истите се исплатени вкупно 5 529 000 денари. Поплавите нанесоа големи штети во атарот на селата Грдовци, Долни и Горни Подлог, Оризари, Прибачево, Тркање како и во околината на Кочани, а Владата предводена од СДСМ повторно,  неселективно, непристрасно, на…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Колку се опарија клубовите во Кочани,Виница …

ВРЗ ОСНОВА НА СИСТЕМ НА БОДУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ, АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОТ ИМ ДОДЕЛИ ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА КЛУБОВИТЕ И ЗДРУЖЕНИЈАТА. ГФК „ОСОГОВО“ ДОБИ ВАУЧЕР ОД 1.100.000 ДЕНАРИ, ЖФК „КОЧАНИ“ – 900.000 ДЕНАРИ, ФК „СЛОГА 1934“ 750.000 ДЕНАРИ … СРЕДСТВА ДОБИЈА И ПОМАЛИТЕ СПОРТСКИ КОЛЕКТИВИ, ЏК „ГЛАДИЈАТОР“ 160.000 ДЕНАРИ, ГИМНАСТИЧАРИТЕ 130.000 ДЕНАРИ, „БАСКЕТ ДИНО“ 200.000 ДЕНАРИ … Агенцијата за млади и спорт во четвртокот ја објави листата на спортски федерации, клубови и спортисти кои ќе добијат помош преку ваучер системот. На оваа листа се и повеќе клубови од регионот, кои…

Прочитај повеќе