ОПШТИНА КОЧАНИ 

Советот на Општина Кочани ја одржa 20. седница

Со дополнување на дневниот ред од пет нови точки, Советот на Општина Кочани ја одржа 20. редовна седница. Образложувајќи ја како причина блокадата во работата на Советот, а повикувајќи се на членот 74 од Законот за локална самоуправа, советникот Венко Крстевски предложи самоиницијативно распуштање на Советот, предлог кој со 3 гласа „за“ и 13 „воздржани“, не беше прифатен. По барање на СОУ „Гошо Викентиев“, Советот ја усвои одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година, при што од Програмата за средно образование, од…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градежни активности и хортикултурно уредување на повеќе локации во градот

Општина Кочани изврши градежни активности и хултикултурно уредување на повеќе локации во градот. На потегот на кејот на Кочанска Река кон месноста Бавчалук, Општина Кочани го расчисти и уреди тротоарскиот простор и кејот на реката од нараснатата вегетација. Покрај шеталиштето беа изработени мурали и графити. Истовремено се работи на изградба на високи потпорни ѕидови. Изградени се потпорни ѕидови на улиците „Лазар Стоименов“ и „Стево Теодосиевски“. Извршена е надградба на потпорен ѕид на улицата „Блаже Поп Арсов“, а во моментот се работи на изградба на потпорен ѕид на улицата „Пиринска“. Поставени…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

„ЗА ПОДОБАР ВИДИК“ – КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКА ПРОГРАМА ПО ПОВОД 3 ДЕКЕМРИ, ДЕНОТ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Општина Кочани по повод Денот на лицата со попреченост 3 декември, ќе одржи културно-уметничка програма под мотото „За подобар видик“. Во истата ќе земат учество училиштата и градинките, а ќе биде збогатена со продажни штандови во Градскиот Парк во Кочани на ден 2 декември (петок) 2022 година, со почеток од 10 часот. Целта на настанот е да се помогне на децата со попреченост со нагледни и дидактички помагала, односно да се подобри квалитетот на настава во училиштата на децата со попреченост. Општината ќе постави продажни штандови со уметнички слики изработени…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

ЗАПОЧНА 16. САЕМ НА КНИГАТА 2022

Денеска започна 16. Саем на книга во ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани. Саемот ќе трае од денеска 7 ноември до 12 ноември, секој ден од 10 до 18 часот. – Саемот на книгата се организира традиционално секоја година во склоп на Месецот на книгата. Претставени се петнаесет издавачки куќи од Македонија кои поголемиот дел од нив се долгогодишни соработници на нашата библиотека, а две издавачки куќи се нови – истакна Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, директорка на ЈОУБ „Искра“ – Кочани. Во склоп на денешното свечено отварање на саемот, беа доделени наградите…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Меѓународен меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак„2022

Во саботата во Кочани се одржа Меѓународниот меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак“.Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги поздрави присутните и учесниците натпреварувачи од земјава и странство во машка и женска конкуренција, кои беа во голем број. Борачите на „Спартак“ освоија седум медали од кои пет во машка – 1 златен, 3 сребрени и 1 бронзен и две во женска конкуренција – 2 златни. Медалите ги освоија:Филип Ангелов – златен медалДаријан Павлев – сребрен медалМилан Трендов – сребрен медалМихаил Ангеловски – сребрен медалАндреј Соколов – бронзен медалСлавица Митева…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Слога 1934“ немоќна против „Вардар“

Лидерот на табелата Вардар во Виница ја потврди фаворитската улога и со 3:0 лесно стигна до трите бода, против домаќинот „Слога 1934“. Виничани пружија солиден отпор, но и резултатот уште на почетокот на натпреварот беше против нив, по раното водство на скопјани, па и тактичките замисли веројатно брзо паднаа во вода. Еве ги резултатите од 11-то коло: Слога 1934 – Вардар 0:3, Беласица – Тетекс 4:0, Беса 1976 – Охрид 1:3, Караорман – Пелистер 2:1, Гостивар – Арсими 3:0, Лок. Скопје – Борец 3:2, Саса – Детонит Плачковица 1:1, Воска Спорт…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Избор на нови членови на органите во неколку месни заедници во Општина Кочани

Поради истекот на мандатот на членови на органите на облиците на месната самоуправа, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов донесе одлука за распишување избори за нови органи на месната самоуправа. Согласно Статутот на Општина Кочани, ќе се избираат нови членови на органите на облиците на месна самоуправа за населените места: Полаки, Ново Село, Горно Гратче, Костин Дол, Речани, Небојани и Главовица. Изборот ќе се изврши на собир на граѓани, којшто ќе се одржи на 18 ноември, со почеток во 15 ч., во месноста викана Крушка. Граѓаните со право на глас…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Двајца повредени, седуммина приведени, полицијата пукала во воздух – тепачка во Кочани

Двајца повреден и седуммина приведен е епилогот од тепачката која ноќеска еден час по полноќ се случила пред угостителски објект во Кочани. Во тепчката учествувале девет лица. Двајца се здобиле со исеченици и се пренесени во болница информира Министерството за внатрешни работи. -На 05.11.2022 во 01.15 часот полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода Џ.Ц.(29), Џ.Б.(33), И.К.(27), М.М.(30), Д.Д.(21), Г.Т.(25) и Б.С.(22), бидејќи пред угостителски објект во трговски центар во Кочани, по претходна расправија, започнале меѓусебна физичка пресметка во која учествувале Џ.Б., М.М., К.А., И.К. и Џ.Ц. од…

Прочитај повеќе