Tеатарска претстава ЈЗУ „Европа“ по повод одбележување на Мувембар – месецот на машкото здравје
Општина Кочани во соработка со Ротари клубот Кочани-Виница организира настан за одбележување на Мувембар – месецот на машкото здравје. Настанот е закажан за в петок, 25 ноември, во Мултикултурниот центар во Кочани, со почеток од 19 часот. Ќе биде прикажана театарската претстава ЈЗУ „Европа“, работена по мотиви од текст на Мирољуб Недовиќ, во изведба на Театар Штип и во режија на Кристина Атанасова Арсова. Настанот ќе има донаторски карактер, а влезницата за претставата чини 250 денари и може да се набави во кафетериите Класик и Пролет. Во настанот ќе има…
Прочитај повеќе