КОВИД 19 

Во Кочани 23 новозаразени и 13 оздравени

Денеска во Кочани се регистрирани 23 новозаразени и 13 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи заразени со ковид 19 во Кочани е 256. Во Виница денеска се регистрирани 2 новозаболени и 10 оздравени пациенти.Во Виница бројот на активни случаи 134. На ниво на држава од направени 2824 тестирања регистрирани се 1110 нови случаи на ковид 19, 585 оздравени и 30 починати.

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Опозицијата со масовен протест против предавничката политика на Заев и СДСМ

Продолжувајќи ја серијата протести низ државата опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска и во Кочани го крена својот глас против предавничката политика на актуелната власт предводена од СДСМ и Зоран Заев. Над 250 автомовили со членови и симпатизери на партијата, со знамиња и транспаренти со повици за оставка на Заев, откако се собраа пред Основниот суд, во колона предводена од полициско возило, се упати кон населбата Оризари, а од таму повторно се врати во градот. Долгата колона продефилира низ главните кочански улици, за да застане на градскиот плоштад, пред општинската зграда, каде одржа…

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Прогнозите едно, климатските промени друго

И синоптичарите и граѓаните со се поголема резерва ги прифаќаат долгорочните прогнози на временските состојби, првенствено поради непредвидливоста што ја предизвикуваат климатските промени. Таканаречените чуда во природата, од аспект на појави како нелогично високи или ниски температури, обилни врнежи, снежни удари и слично, знаат да дојдат ненадејно и дури шокантно. Примерот со расцветаните цреши во Јапонија, кој е идентичен како во 812 година, зборува дека нешто над човечката моќ и знаење, се случува во природата. Во наши услови, климатските промени засега не предизвикале сензационални промени и појави, но дека во…

Прочитај повеќе