КОВИД 19 

Вчера 3, а денес 33 новозаразени со КОВИД 19 во Кочани

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа во Кочани се регистрирани 33 новозаразени и 14 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во Кочани изнесува 246. Во Виница денеска се регистрирани 4 новозаболени и 8 оздравени пациенти. Бројот наактивни случаи е 142. На ниво на држава се регистрирани 1342 нови случаи на ковид 19,679 оздравени пациенти и 22 починати.

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

И BMW и АУДИ, ама Југо си е Југо

Како Југо нема друго. За овој автомобил се поврзани многу спомени, судбини и доживувања на генерациите од екс-ју периодот, но и по него, бидејќи многу брзо ја освои тогашната работничка класа. Во Кочани, вработените во Индустријата „Руен“ со одредени поволности, чекаа на список, за да го дочекаат радосниот момент кога ќе го добиеја најчесто првото возило во семејството. За „југото“ се поврзани многу анегдоти. Една од најшегобијните вели: за да ја затвориш на жената устата и на „југо“ вратата – треба силно да ги треснеш.   Инаку, првиот автомобил „југо…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Продаваат коли, остануваат и без кола и без пари !?

Од МВР денеска излегоа со информација дека имало појава на зачестени кривични дела измама при купопродажба на патнички моторни возила на територијата на Република Северна Македонија, од страна на вешти измамници. Препредените манипулатори при склучуваат нотарски договори, без да му ги дадат парите на продавачот на возилото, употребуваат разни лажни искази, со цел да го одолговлечат плаќањето и потоа никогаш да не го извршат. Подоцна измамниците најчесто одбегнувале секаков контакт со оштетените, стекнувајќи се со противправната имотна корист. МВР е во засилена акција за расчистување на пријавените измами, меѓутоа истовремено…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Општината удри по фирмите и граѓаните

Откако во текот на вчерашниот ден општинските финансиски службеници им ги блокирале сметките на фирми во банките во Кочани по основ на неплатени обврски за комунална такса и данок на имот, денеска информативната служба излезе со Повик за подмирување на даночниот долг кон Општина Кочани. Во него се вели: Општина Кочани ги повикува даночните обврзници да ги подмират заостанатите долгови за комунална такса и за данок на имот. За неплатени обврски до 2019 година за комунална такса, Општина Кочани има  законска обврска да ги блокира сметките на правните субјекти, како…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Утре ОК на ВМРО- ДПМНЕ Кочани на протест со возила

Почитувани граѓани на општина Кочани. На ден 04.12. (петок) во 18 .часот, ОК на ВМРО-ДПМНЕ КОЧАНИ организира протест со возила против политичкиот аматеризам на Зоран Заев и погубните политики на оваа власт! Сите чесни МАКЕДОНЦИ кои се незадоволни од овие коцкарски политики, во петок, имаат шанса да се докажат, дека не се само фејсбук патриоти, а револтот да го покажат на дело! Излезете сите за да не биде предоцна!!!, се вели во Повикот на ОК ВМРО-ДПМНЕ

Прочитај повеќе