МАКЕДОНИЈА 

Петардите ќе „изгорат“ многу џебови

Од 200 до 500 евра казна ќе заработат лицата кои продаваат, купуваат или пукаат петарди на јавни места. Тоа значи дека е забрането пукањето во дворни места, во станбени згради, на улица, бидејќи се прави прекршок против јавниот ред и мир. Полицијата пред новогодишните празници ги засили контролните и други активности, поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства. Набавувањето и дистрибуирањето на петарди на пазарите во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор од…

Прочитај повеќе
ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Светиот свештеномаченик Климент, епископ Римски

Роден е во Рим, од царски род, современик на апостолите. Мајка му и неговите двајца браќа пловејќи по морето беа разнесени на разни страни, а татко му одејќи да ги бара жената и децата и самиот се изгуби. Тогаш Климент, којшто имаше дваесет и четири години, појде на Исток да си ги бара родителите и браќата. Во Александрија се запозна со апостолот Варнава, потоа му се придружи на Св. апостол Петар, по кого веќе одеа неговите двајца браќа, Фаустин и Фаустијан. По Божја Промисла апостолот Петар ја најде Климентовата мајка…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Зимска заштита за богат род

Градинарите и овоштарите започнаа со заштита на земјоделските култури во пресрет на студените зимски денови. Во втората половина на декември, дневните и ноќните температури главно имаат минусни вредности, при што овошките преминуваат во период на зимски одмор. Во такви услови овоштарите може да го искористат зимскиот период за да ги извршат заштитни активности. Кај помалку искусните овоштари секогаш стои дилемата што треба да се направи.Во основа зимските, па и сите останати третирања против болести и штетници, не би биле доволно ефикасни, доколку физички не се отстранат гнездата во кои презимуваат гасениците…

Прочитај повеќе
ЗАНИМЛИВОСТИ 

76 дневници за Ајфон 12

Откако мобилните телефони го освоија Светот и станаа мерило за стандардот на граѓаните во различни држави, ја исфрлија на површина реалноста и ги позиционираа народите кој каде се наоѓа. Со оваа проблематика во последните две години се занимава интернет-порталот Веривокс, кој врши истражувања колку луѓе во различни земји во светот треба да работат за да си дозволат ајфон. Споредбите се фрапантни, особено помеѓу најсилните и најслабите економии. Така, на жителите на Лихтенштајн им требаат само три работни дена за со заработените пари да си купат ајфон, а на Молдавците дури…

Прочитај повеќе