ОПШТИНА КОЧАНИ 

Ќе ја испразнат ли старата касарна-новите куќи ?

Општина Кочани и државата се решени да ги изградат типските куќи за 24 семејства од ромската заедница, кои низ годините диво се населени во старата касарна и тука во несоодветни услови живеат со години. Тоа при посетата на Кочани го потврди и премиерот Зоран Заев, кој во оваа прилика додаде дека во тек е изградба на вкупно 897 станови во државата, од кои 10% се наменети за ромската заедница Деновиве Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и градоначалникот Николчо Илијев извршија обиколка и увид на планот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

24 студенти потпишаа договор за добивање стипендии за учебната 2020/21 г.

Вкупно 24 студенти кои ги исполнуваат условите за добивање општинска стипендија пропишани во Правилникот за стипендирање,денеска ги потпишаа договорите за користење стипендија за студиската 2020/21 г. Поради здравствената криза, потпишувањето на договорите се спроведе според мерките за заштита од ширење на вирусот. Во своето кратко обраќање пред студентите, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев истакна дека младите стручни кадри се двигатели на економијата во едно општество, па во рамките на своите надлежности,локалната самоуправа ја продолжува и поддршката на студентите. Според Записникот на Комисијата за доделување на студентските стипендии, годинава биле…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ВМРО- ДПМНЕ се приклучува кон протестот „ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ„

ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Кочани ја користи оваа прилика јавно да ги повика членовите и симпатизери на нашата партија да ја поддржат иницијативата за протест под мотото „ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ„. Последните години, СДСМ ги имаше механизмите на Централната и Локалната власт за да превземе било што во врска со овој проблем, па затоа ги предупредувам да не се фолираат ниту да се правам душегрижници за Кочанскиот воздух. Ние како политичка партија имаме цел работниците да останат на своите работни места, а емисијата на издувни гасови да се контролира. Почитувани…

Прочитај повеќе