ЗАНИМЛИВОСТИ 

Зошто е корисно секојдневното конзумирање на банани?

Денеска ќе ви откриеме неколку причини поради кои треба секојдневно да јадете банани. Покрај сите други сезонски овошја, полни со витамини, редовно треба да се користи и бананата, бидејки таа содржи многу витамини и хранливи материи. Доволно е да се каже дека ова овошје содржи калиум, што е многу важно за здравјето на срцето, има директен ефект врз крвниот притисок, а студиите покажаа дека го намалува ризикот од срцеви заболувања за дури 27 проценти. Сепак, тоа не значи дека треба да претерувате, доволно е да јадете една до две на…

Прочитај повеќе
ЗЕМЈОДЕЛИЕ 

Штетите од поплавите проценети. Земјоделците ќе поделат 27.648.779 денари ?

Збирните резултати за проценетите штети по видови на посеви и готови приозводи, на ниво на општина Кочани согласно Единствената методологија, за процени на штети, ќе бидат на дневен ред на наредната седница на Советот, од каде, ако бидат усвоени, ќе бидат доставени до Државната комисија. Вкупната штета што ја претрпеа земјоделците и земјоделски фирми од поплавите, на ниво на општина Кочани, е проценета на 27,648,780 денари. По населени места во Катастарската општина Грдовци штети претрпеле 79 земјоделци, со претрпена вкупна штета од 6. милиони денари. Во Горни Подлог, 41 земјоделец…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Привилегирани легално ја узурпираат Пониква

Протекционизмот и трката по профит, да се добие место во центарот на Пониква, заради бизнис или самодокажување, доведе до легална узурпација на најатрактивниот простор, каде што би требало да бидат шетачите и децата. Можеби едно од најзначајните прашања е дали двете општини се тркаат која повеќе локации за викендички ќе издаде за да им удоволи на моќниците и за полнење на буџетот. При две општини газдарици, Пониква килава. Така некако може симболично да се опише ситуацијата со најатрактивната локација на Осоговските Планини, дефинирана како спортско-рекреативен центар, кој од година во…

Прочитај повеќе
МАКЕДОНИЈА 

Дојде ли време да се плати цехот за Бугарските пасоши ?

Само за една декада, во периодот од 1 јануари 2010 до крајот на октомври 2020 година, дури 77 830 државјани на Република Македонија аплицирале за добивање бугарско државјанство, изброиле тамошните служби. И сите тие, или фрапантни 77 726 баратели навеле дека имаат бугарско потекло. Во тој период со бугарски државјанства се стекнале 65 675 Македонци со „бугарско потекло“. Овие податоци деновиве ги објавила бугарската министерка за правда Десислава Ахладова на седница во парламентот одговарајќи на пратеничко прашања на Христо Гаџев од парламентарното мнозинство. Бројките можеби не би предизвикале поголемо внимание…

Прочитај повеќе
КУЛТУРА 

Прогласени најдобрите ликовни дела на учесниците на ликовниот конкурс „ Книга наместо технологија„

Денеска во ЈОУ Библиотека Искра беа доделени дипломи на наградените ученици од основните и средните училишта кои учествуваа на ликовниот конкурс „Книга наместо технологија„ кој се организираше по повод месецот на книгата.  Координатор на проекот е Кристина Ѓорѓиевска Атанасова,која истакна дека ,ликовниот конкурс „Книга наместо технологија“ беше организиран по повод Месецот на книгата од 15 Октомври до 15 Ноември. – Намерата беше, во услови на пандемија кога е ограничено движењето а со самото тоа и неодењето на училиште на децата , да го поттикнеме читањето кај децата,да се оттргнат од…

Прочитај повеќе