ЕКОЛОГИЈА 

Кочани ја загуби еко-битката, минихидроцентралата на Мала Река ќе се гради

Додека актуелната и претходната власт меѓусебно се обвинуваат кој е повеќе а кој помалку крив за издадените дозволи и други пропусти за изградба на мини хидроцентралата на Мала Река, Кочани губи уште една еколошка битка. Времето кое е пропуштено, додека инвеститорот еден по еден си ги комплетирал документите, што на државно, а што на локално ниво, сега е ненадоместливо. Што вели народот, возот отишол. А пораз, како секој пораз-боли! Иронијата да биде поголема, во годината кога Осоговските Планини се прогласени за заштитено подрачје, надлежните не успеаја да ја заштитат. Тоа…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Во Светот новинарите ги убиваат физички, кај нас „законски“

Дека новинарската професија е една од најризичните зборува извештајот на Репортери без граници, според кој во Светот годинава се убиени 50 новинари. Во Македонија и во Кочани новинарите не ги убиваат, туку законски ги ликвидираат-на рати. Педесетте новинари се убиени извршувајќи ги своите работни задачи, објави организацијата репортери без граници во годишниот извештај за слободата на медиумите. Притоа, седум од десет новинари се убиени во земји кои не се во војна. Во Македонија и во Кочани, власта последните години сеуште не посегнала по криминални убивања на новинари, но страшно е…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА ВИНИЦА 

ЛЗ „Бел Камен“ нишани надалеку

Ловното здружение Бел Камен од Виница со години наназад, во континуитет остварува одлични резултати во своето работење. Претседателот на здружението, вели дека перманентно се води грижа за бројноста на дивечот во ловиштата, како и на збогатување на инфраструктурата, со цел ловците да имаат што подобри услови за лов. Како резултат на таквата стратегија, од година во година бројот на членови на друштвото се повеќе се зголемува. Деновиве ЛЗ Бел Камен ги доби најзначајните документи, како предуслов за долгорочна работа и развој на ловството и во наредната декада. Поради Ковид кризата…

Прочитај повеќе