КОВИД 19 

Денеска во Кочани регистрирани 22 новозаразени

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа во Кочани се регистрирани 22 новозаразени, 27 оздравени и еден починат пациент на 65 годишна возраст. Бројот на активни случаи на ковид 19 е 244. Во Виница во изминатото деноноќие се регистрирани 4 новозаразени и 9 оздравени пациенти. Овде бројот на активни случаи е 123. На ниво на држава од направените 2758 тестирања, регистрирани 929 нови случаи на ковид 19.Институтот за јавно здравје регистрираше 1068 оздравени пациенти. 28 лица ја загубија битката со коронавирусот.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На Амбасадорката на Обединетото Кралство и се допадна Кочани

Денешниот работен ден на Амбасадорката на Обединетото Кралство во РС Македонија, Рејчел Галовеј, започна со средба со градоначалникот Николчо Илијев, во Инфоцентарот на Пониква, каде двајцата соговорници разговараа за функционирањето на Општината од стопански и економски аспект, за реализацијата на проектите, како и за справувањето со Ковид 19 кризата. По разговорот Илијев и Галовеј за Телевизија Кочани ја дадоа изјави. И благодарам на Амбасадорката Галовеј за првата посета на Општина Кочани, откако сум јас градоначалник, и се надевам нема да биде последна, бидејќи има многу заеднички искуства кои можеме да ги…

Прочитај повеќе
ЕКОЛОГИЈА 

Еко-скандал: Галовеј ни го виде ѓубрето

Своевидна доза на еко-скандал ја одбележа денешната посета на амбасадорката на обединетото кралство Рејчел Галовеј, на Пониква, каде непосредно покрај паркингот околу контејнерите стоеја расфрлани купишта смет. Тешко дека слаткоречивоста на градоначалникот Илијев ќе и ја избрише грдата слика на високата гостинка, која посака пак да дојде на Пониква. Движејќи се по асфалтниот пат кон Инфо центарот на Пониква, амбасадорката на Обединетото кралство Рејчел Галовеј, мораше да помине покрај купот од ѓубре расфрлано до самиот паркинг пред Одморалиштето и неизбежно да ја забележи грдата слика, воедно и нашиот срам. А…

Прочитај повеќе