ОПШТИНА КОЧАНИ 

Полиција: за пукање петарди – 200 до 400 евра казни

Имајќи во предвид дека пред и за време на Новогодишните и Божиќните празници од страна на граѓаните и малолетници – деца, неовластено се употребуваат пиротехнички средства (петарди) со што се нарушува Јавниот ред и мир и безбедноста, Секторот за внатрешни работи Штип, Одделение за внатрешни работи Кочани, во пресрет на празниците ги информира граѓаните дека неовлатената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против Јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлознивни материи и Кривичниот законик на Република Северна Македонија. ОВР Кочани упатува апел до сите…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

Компаниите „Алекс 3“ и „Алма“ ја шијат конкуренцијата

Иако Кочани не важи за конфекциски град, како на пример Штип, сепак двете овдешни компании „Алекс 3“ и „Алма“, котираат во самиот врв на на државата, според успешноста и профитабилноста. Двете кочански конфекциски фирми лани оствариле близу 8.милиони евра приходи, што е значаен раст во однос на претходната година. Инаку, петнаесетина домашни компании, кои се занимаваат со произведство на горна облека, лани оствариле приходи над 3 милиони евра. Меѓу нив најпрофитабилни се „Алекс 3“ од Кочани и „Кара“ од Скопје, кои лани оствариле добивки поголеми од еден милион евра. Компанијата „Алекс…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

За три дена во Кочани регистрирани 42 новозаразени и 30 оздравени пациенти

 Во општина Кочани за три дена се регистрирани 42 новозаразени и 30 оздравени пациенти. Во вчерашниот извештај на Министерството за здравство беше регистриран и еден починат пациент на возраст од 55 години. Според последните извештаи, бројот на активни случаи позитивни на ковид 19 во Кочани е 274. Во општина Виница  за три дена се регистрирани седун нови случаи на ковид 18, и шест оздравени пациенти. Овде бројот на активни случаи е 103.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кај две лица од Кочани пронајдени марихуана и хероин

На 21.12.2020 во 00.30 часот, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода С.А.(43) и Е.А.(33), двајцата од Кочани, затоа што при преглед на возило „опел вектра“, во кое се превезувале, биле пронајдени марихуана и хероин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе