ПОЛИТИКА 

Зошто Бугарија ја сопнува Македонија? (Можеби не е до јазикот …, можеби е до парите …)

Дали идентитетот, јазикот и историјата се непроѕирната завеса зад која се кријат вистинските интереси на Бугарските политичари, и на Бугарија во целост? Ова прашање, колку и да е чудно, има своја логика, и тоа од повеќе причини. Еве неколку аргументи. Официјалните бугарски служби објавија дека за 10 години, двојно, односно Бугарско државјанство добиле околу 60.000 Македонци. Кога кон нив ќе се додадат и тие што пред последната декада, од немај каде, се стекнале со Бугарскиот ЕУ пасош и лична карта, тогаш, бројката станува многу, многу посериозна. И кога на државјанството…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

„Фиат Пунто“ усмрти виничанец

Вчера околу 18,00 часот во Виница на ул.„Крушевска Република“, патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со винички регистарски ознаки, управувано од З.П.(40) од Виница, удрило во пешакот М.Г.(66) од Виница, кој се здобил со тешки телесни повреди, соопштуваат од МВР. Веднаш по незгодата настраданиот М.Г. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен дом Виница, каде била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Виница. Истрагата е во тек.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„Чешиново 2015“ без „муниција“ и против „Детонит Јуниор“

Во недела се одигра 10-тото коло од треата фудбалска лига Исток во кое „Чешиново“ е поразено од „Детонит Јуниор“ со  0:2, во натпревар во кој стрелците немаа свој ден и не ги искористија многубројните шанси за гол. Во Василево конечно успех на истоимениот клуб, кој ја победи „Тиверија“ со 5:2. Во Лозово „Работник“ претрпе убедлив пораз од „Хоризонт Турново“ со 0:3, а во Раклиш, домашниот „Раклиш“ иако имаше сигурно водство, до крајот на натпреварот „Овче Поле“ направи целосен пресврт и победи со 3:4. Екипата на „Спартмани“ беше немоќна против „Брегалница сениори“ и претрпе пораз…

Прочитај повеќе