ЕКОЛОГИЈА 

Европа ги казнува загадувачите

Дека членството во Европската Унија покрај привилегии, носи и обврски, кои доколку не се исполнуваат, се казнуваат зборува тужбата на Европската комисија против Бугарија, поднесена до Судот за правда, за неисполнување на нормите за квалитетот на воздухот. Тужбата уследила откако Бугарија целосно не ја имплементирала одлуката на Европскиот суд од 2017 година. Тужбата може да доведе до изрекување парични казни за време од првата одлука на судот и за време од втората одлука, за да се обезбеди целосна усогласеност со барањата, соопштила ЕК. За да се спроведе одлуката, се очекувало…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

1 починат 11 новозаболени и 9 оздравени пациенти

Министертвото за здравство информираше дека во последните 24 часа се регистрирани 11 новозаболени и 9 оздравени пациенти. Регистрирано е иедно починато лице на возраст од 42 години. Бројот на активни случаицв во Кочани е 255. На ниво на држава од направени 2995 тестирања ,регистрирани се 984 нови случаи на ковид 19, 631 оздравени пациенти и 24 починати.

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Есента врнежлива, температурите просечни

Есента, според синоптичарите, ќе ја карактеризираат вообичаено просечни температури, со чести врнежливи периоди. Дневните температури главно ќе се движат во интервали од 10 до 22, а ноќните од 0 до 13 степени Целзиусови, иако се можни и дополнителни нагли падови, како последица на нешто постудени бранови. Инаку до крајот на есента не се најавуваат големи врнежи од дожд, особено не во првите месц-два. Поголеми количини дожд може да се очекува само во ноември, по што ќе следува заладување.

Прочитај повеќе