ЕКОЛОГИЈА 

Земјоделците палат – пожарникарите по нив гаснат

Само што ќе се подзасуши сламата и ќе дивне ветер, земјоделците повторно „во акција“ на палење на стрништата во оризовите полиња. Денеска на повеќе локации во атарите на селата покрај реката Брегалница се гледаа пламени јазици и чад, од кој се создаваа облаци во Кочанската Котлина. Противпожарната единица со сите расположиви сили иташе од едно жариште на друго, со цел да спречи поголеми последици од намерно предизвиканите пожари. Од таму велат дека интервенирале на четири пожари, од двете страни на Брегалница. Поради силниот ветер кој можел да предизвика неконтролирано ширење…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Средба Папазов – Декер

Денеска во просториите на Општина Кочани се одржа средба меѓу заменик амбасадорот на Кралството Холандија, Роберт Декер и градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов. Најпрвин беа потенцирани сите досегашни соработки на стопански план кои се присутни на територијата на Општина Кочани. На остварената средба од страна на градоначалникот на Општина Кочани беа презентирани приоритетните проекти и инвестиции за Општина Кочани, како и изразување на задоволството за идна меѓусебна соработка.  Во Општина Кочани досега се остварени четири холандски инвестиции „Антура“, современата лабораторија за производство на семенски материјал за украсни цвеќиња, „Гирлофс…

Прочитај повеќе
туризам 

Пониква падна на испит

Кога нема посетители на Пониква ги молиме да дојдат. Кога ќе навалат, не можеме и не знаеме да ги пречекаме. Односно, да им ги овозможиме минималните нормални услови да пристигнат, да паркираат и да можат да прошетаат или седнат како луѓе на топол чај, или на ручек. За санкање или скијање и да не зборуваме, поради гужвата која се создава на „единицата“ и по патот кон манастирот. Ете тоа е нашиот туризам за кој толку многу се злагаме и за кој градоначалниците собираа политички поени две-три децении наназад, а практично…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Изгоре стан во центарот на Кочани

Вечерва помеѓу 18 и 19 часот, во центарот на градот избувна пожар во кој изгоре стан на ул Кеј на Револуцијата. Со брза интервенција на противпожарната единица која гаснеше со три возила и повеќе пожарникари, огнот е изгаснат и е спречено ширење на огнената стихија и на другите станови од колективната зграда, лоцирана во непосредна близина на градскиот плоштад. Станува збор за стан на вториот кат од зградата над градската аптека, сопственост на кочанчанец, во кој живеат потстанари. Засега не се знаат причините за избувнување на пожарот, иако станарите коментираат…

Прочитај повеќе
ФОТО-ВИДЕО ВЕСТ 

Коњи го блокираат туризмот на Пониква

Пониква како во бајка. Снег, сонце и илјадници туристи и викендаши. Од убаво-поубаво. Уживање за сите сетила на човекот… На враќање пак планински убавини. Возиш, возиш и наеднаш ОП! Коњи на патот. Лижат сол на асфалтот. Гајле си немаат  што патот е за возила, а не за нив. Кој како ќе се снајде – нека помине… Или нека чека. А неколку километри подолу потпалената градска депонија чади ли чади … за „чао“! Развој на туризмот на наш начин

Прочитај повеќе
ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Св. Василиј се славеше на Пониква

Во прекрасен зимски амбиент, со снег и блескаво сонце, денеска верници од Кочани, но и туристи кои престојуваат во сместувачките капацитети на Пониква, беа дел од празнувањето на Свети Василиј Велики, Василица, во истоимениот манастир на Осоговските Планини. Со свечената празнична литургија чиноначалствуваше владиката Иларион, кој ја продолжува традицијата да присуствува на манастирските слави во овој духовен храм, лоциран на 1640 метри надморска височина. Во изјава на Актуелности, тој им посака здравје, среќа и духовен мир на верниците, искажувајќи надеж дека со голема верба ќе се надминат светските пандемии, односно…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

За незаконит лов, приведено 58-годишно лице од Кочани

Полициски службеници, вчера го лишиле од слобода лицето Ј.П.58 години од Кочани, бидејќи во местото викано „Потоците“, атар на Оризари, кочанско, бил затекнат како врши незаконит лов со ловечка пушка „цифсан ЦСП 555“ калибар 12 ГА. Од страна на полициски службеници биле одземени ловечката пушка со ремник, испукан ловен патрон калибар 12 ГА, ловна муниција 34 броја калибар 12 ГА. По целосно документирање на случајот против Ј.П. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Повик за Избор на спортист за 2021 година

Општина Кочани во соработка со Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2021 година. На манифестацијата ќе се изберат: најдобар спортист за 2021 година; најдобар млад надежен спортист; најдобра екипа; најдобар тренер; спортски работник. Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани  во Oпштина Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација. При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнири,…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Му украле трактор од дворот

ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА КРАДЦИ ВО НОЌТА НА БАДНИК МУ ГО УКРАЛЕ ТРАКТОРОТ НА ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ОД СЕЛОТО ТЕРАНЦИ, ОПШТИНА ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО И ГО ОДВЕЗЛЕ ВО НЕПОЗНАТ ПРАВЕЦ. КАМЕРИ ОД СЕМЕЈНИ КУЌИ ЈА СНИМИЛЕ КРАЖБАТА, АМА КРАДЦИТЕ СЕУШТЕ НЕ СЕ ОТКРИЕНИ. ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ СЕ ЖАЛАТ ДЕКА ЛАНИ ИМ БИЛЕ УКРАДЕНИ НЕКОЛКУ ТРАКТОРИ, ОД КОИ НЕМА НИКАКОВ ТРАГ. Ноќта на христијанскиот православен празник Бадник, жител на селото Теранци, во општина Чешиново-Облешево, остана без својот трактор, бидејќи крадци во текот на ноќта се прикрале и му го украле од дворот. На Божик човекот се распрашуваше меѓу соселаните…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

„Словенец“ дилал дрога во Кочани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до ОЈО Кочани поднела кривична пријава против А.В.(42) од Република Словенија поради постоење основи на сомнение за сторено кривчно дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик, соопштија од Миистерството за внатрешни работи.– На 09.01.2022, по претходно добиена судска наредба, од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани извршен бил претрес во куќа, при што бил затекнат А.В.(42) од Р.Словенија, а со привремен престој во РСМ. При претресот пронајден е…

Прочитај повеќе