ОПШТИНА КОЧАНИ 

В четврток, 22 јуни – авионско прскање против комарци во Кочанско

Поради неповолните временски услови, најавеното прво авионско третирање на комарци во Кочани е презакажано за в четврток, 22 јуни во раните утрински часови.  Авиотретирањето против комарци ќе го извршат стручни екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово. Ќе се прска со еколошко средство за  уништување  комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарците, одобрен  од  Бирото за  лекови. Со авиотретирањето  ќе   бидат опфатени површините во градското подрачје на  Кочани  и  низинските села  што припаѓаат  на територијата на  Општина  Кочани.  Потребно е пчеларите да ги преземат потребните заштитни мерки за време…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

Известување за настанат дефект на водоводна мрежа

Ги информираме корисниците дека е настанат сериозен дефект на цевководот за водоснабдување од висока зона на територија на Општина Кочани.  Поради обилните врнежи во саботата и наносите на талог и друг отпаден материјал во Кочанска река е оштетен цевковод f200 од ПВЦ.  По пријавувањето на дефектот, екипите на КЈП “Водовод” Кочани излегоа на терен и успешно го лоцираа оштетувањето на цевководот во течението на Кочанска Река, но поради зголемениот водостој на реката беше неопходно намалување на водостојот за да се одстрани дефектот.  Во текот на денот екипите на  КЈП “Водовод”…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Дефект остави без вода голем дел од градот

Втор ден голем број граѓани на Кочани мака мачат како да преживеат без вода во домовите поради прекин во водоснабдувањето предизвикан од дефект на една од главните цевки на мрежата. Дефектот се случил за миг, во саботата, по обилните врнежи и пороите, а поправката ќе трае со денови, едно поради проблематичниот терен, а друго поради несоодветната опременост на екипите за брзо и ефикасно дејствување. Вчера, а особено денеска социјалните мрежи вријат со коментари поврзани со дефектот и проблемите што ги имаат граѓаните поради сувите чешми, празните бојлери и нефункционирањето на…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Реките се излеваат, поплавени дворови и ниви

Честите и на моменти обилни врнежи од дожд вчера и денеска веќе предизвикуваат посериозни проблеми по течението на реките и во поедини села во рамничаркиот дел од општината. По коритата на помалите реки, Кочанска, Оризарска, Осојница, Зрновска денеска се измерени по 4 до 7 м3 вода во секунда, која кога ќе се слее во Брегалница прави во неа да течат помеѓу 40 и 50 м3 вода во секунда, што е мошне сериозна количина. Од тие причини, таму каде коритото е стеснето, доаѓа до излевање и поплавување на поголеми површини земјоделско…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Изградба на фекална канализациска мрежа во Оризари

Започнува реализацијата на проектот за изградба на делови од фекалната канализациска мрежа во населеното место Оризари. Со проектот е планирано да се градат седум краци од канализацискиот систем, со вкупна должина од 595 м, на различни локации во Оризари. Вредноста на инвестицијата е 7.788.000 денари, од кои 5 милиони денари се од Министерството за животна средина и просторно планирање, а останатите се од Буџетот на Општина Кочани. Активностите на терен ќе се одвиваат во текот на летниот период.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Избор на нови членови на органите во Месната заедница Грдовци

Поради истекот на мандатот на членови на органите на облиците на месната самоуправа, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов донесе одлука за распишување избори за нови органи на месната самоуправа. Согласно Статутот на Општина Кочани, ќе се избираат нови членови на органите на Месната заедница Грдовци.. Изборот ќе се изврши на собир на граѓани што ќе се одржи на 28 јуни, со почеток во 19 ч., во училишната зграда во с. Грдовци. Граѓаните со право на глас треба да понесат лична карта.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Словенечки грант за фотоволтаични централи на Пречистителната станица за отпадни води во Мојанци и за намалување на загубите на вода

Започнува реализацијата на проектот „Намалување на загубите на вода во водоснабдителниот систем и искористување на соларната енергија во јавното комунално претпријатие во општина Кочани“, за кој е потпишан Договор за грант од Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија. Вкупната вредност на проектот е  447.872 евра, а грантот е во износ од  223.936 евра,  односно 50 %  од вредноста на проектот. Останатите 50 % се кофинасирање од Општина Кочани.  Со овој проект во наредниот период ќе се инсталираат две фотоволтаични централи со моќност од 440 киловати и 120 киловати на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Прво авиопрскање против комарци

В среда, 14 јуни, од 5 до 8 часот  наутро, стручни екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово ќе ја спроведат првата фаза од  авиотретирањето  против комарци.  Авиотретирањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за  уништување  комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарците, одобрен  од  Бирото за  лекови. Со авиотретирањето  ќе   бидат опфатени површините во градското подрачје на  Кочани  и  низинските села  што припаѓаат  на територијата на  Општина  Кочани.  Потребно е пчеларите да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.  Доколку се неповолни временските услови (ветер, дожд)…

Прочитај повеќе
ФОТО-ВИДЕО ВЕСТ 

6 километри пешачење по осоговието

Под мотото Пешачењето е здравје, Општина Кочани во соработка со Клубот за планинарски спортови „Москито“ и Извидничкиот одред „Ластовица“, изведе планинарска тура на релацијата Пониква – Панаѓур – Пониква.  Учесниците имаа околу два часа активно пешачење на падините на Осогово, на патеката со вкупна должина од 6 км, во одлични временски услови. За помладите учесници, на врвот Панаѓур (1669 м н. в.) се одржа кратко претставување на дел од опремата и начините за ориентација во планина.  Активноста којашто се реализира трета година по ред, согласно Локалниот акциски план за еднакви…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

За фамилијарно преживување 50.000 денари

НАД 49.000 ДЕНАРИ ПРИХОД МУ ТРЕБААТ НА ЕДНО ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ЗА ДА ЈА ОБЕЗБЕДИ МИНИМАЛНАТА МЕСЕЧНА КОШНИЧКА. ПРАШАЊЕТО Е КОЛКУ СЕМЕЈСТВА ВО ДРЖАВАТА ГИ ИМААТ ТИЕ ПРИМАЊА И ПАРИ? Синдикалците убаво пресметале дека на едно стандардно семејство му се потребни близу 50.000 денари за да преживее скромно во текот на еден месец, но пресметките и бројките не ја одразуваат реалната ситуација во државата, бидејќи се далеку од состојбите во кои се наоѓаат над 80 проценти од населението. Споредбите со исти периоди предходно, и набилданите бројки се неразбирливи за тоа што…

Прочитај повеќе