ОПШТИНА КОЧАНИ 

Ќе им го подобри ли животот на граѓаните гранитниот плочник од над 500.000 евра ?

Започнатиот проект за реконструкција и уредување на градскиот парк, кој се наоѓа во еден вид преодна фаза поради трансферот на локалната власт, сеуште предизвикува дилеми во кочанската јавност од неколку аспекти. Од една страна е сериозно високата цена на целиот проект, која неофицијално би можела да се движи околу 800.000 евра, што го наметнува прашањето дали на Кочани, во услови на сеопшта криза, му е неопходна таква скапа и непродуктивна инвестиција. Притоа, само договорот со фирмата за гранитните плочки е тежок над 500.000 евра. Вториот момент е определбата за гранитни…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Општина Чешиново-Облешево со долгови од 34 милиони денари

При денешното конституирање на Советот на Општина Чешиново-Облешево, новиот градоначалник Далибор Ангелов се пожали дека наследил сериозно лоша финансиска состојба и долгови кои негативно ќе се одразат врз функционирањето на општината на почетокот од новиот мандатен период. Вкупниот финансиски минус по повеќе основи, според првичните анализи, надминува 34. милиони денари, што е голем износ за мала општина како чешиново-облешевската. Притоа, општинската каса се соочува со проблемот со блокирање на сметката по основ на утужени обврски. Како што стојат работите, ќе бидат неопходни детални анализи на обврските и правење стратегија за…

Прочитај повеќе
СПОРТ 

Виничкиот второлигаш во шампионска форма

НИТУ НАЈГОЛЕМИТЕ ФУДБАЛСКИ ОПТИМИСТИ ВО ВИНИЦА НЕ НИ СОНУВАА ДЕКА НИВНИОТ МИЛЕНИК ЕСЕНВА ЌЕ ГАЗИ СЕ ПРЕД СЕБЕ И ПО 10 КОЛА ЌЕ БИДЕ ЛИДЕР НА ТАБЕЛАТА СО ДВА БОДА ПРЕДНОСТ ПРЕД КОНКУРЕНТИТЕ. ПОКРАЈ ТИМОТ И ТАКТИЧКИТЕ ИТРИНИ НА ТРЕНЕРИТЕ, ДЕЈАН МИТРОВ ГАТУЗО СИГУРНО Е ПОЕДИНЕЦОТ ШТО ЈА ПРАВИ РАЗЛИКАТА И ГО ВИВНА КЛУБОТ ВО ВТОРОЛИГАШКАТА ЕЛИТА НА ИСТОКОТ Со освоени 25, од можни 30 бода во првите 10 кола, и водство од два бода на Второлигашката табела, Слога 1934 од Виница е хит на првенството, кој практично ги изненади…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОО на СДСМ Кочани прашува :ДАЛИ ПРВИОТ „КАПИТАЛЕН“ ПРОЕКТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЉУПЧО ПАПАЗОВ Е ИСПЛАТА НА КАМАТА ВО ИЗНОС ОД 8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ НА АВТО АТОМ ЗА ИЗВРШНИ РЕШЕНИЈА ЗА ПЕРИОД 2012-2017 ГОДИНА?

Почитувани сограѓани,Денес сме сведоци на првиот „Капитален проект“ на новото раководство на Општината. На крајно безобразен и бесрамен начин, со ребалансот на буџетот на Општина Кочани се вметнуваат 8 милиони денари за исплата на камата по извршни решенија за превоз на ученици за период од 2012 до 2017 година на превозникот Авто Атом и тоа по цени 4 до 5 пати повисоки од пазарните.Замислете, раководители на училишта, во наведениот период поставени од тогашниот Градоначалник Ратко Димитровски, кои работејќи несовесно довеле до оштетување на Буџетот за 8 милиони денари, денес се…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Градоначалници „без кал“

Во 21 век, кога светот урива неверојатни граници и ја освојува вселената, кај нас, на локално ниво, главен критериум за успешност на еден градоначалник се метрите улици и асфалт. Како „без кал“ да е некое достигнување за кое треба посебно знаење и менаџерски способности. А всушност е толку очекувано со парите на граѓаните да се направат улици на граѓаните. Истовремено, не може да се очекува дека занимавањето со улички и тротоари, може да ја покрие комплексноста на функцијата, која е многу повеќе од тоа. Токму затоа, за еден современ и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Резерватот празен, шумската куќа изгорена

НАМЕСТО ВЕТУВАЊАТА ЗА НОВИ СОДРЖИНИ И НАСЕЛУВАЊЕ СО ДИВЕЧ, ЛОВНИОТ РЕЗЕРВАТ НА ОСОГОГО ЗАПУСТУВА БЕЗ ЕЛЕНИ, МУФЛОНИ И СРНИ, А ИЗГОРЕ И ШУМСКАТА КУЌА, ПА СЕГА ГИ ИМА СИТЕ УСЛОВИ ЦЕЛОСНО ДА ПРОПАДНЕ. А НЕ ТАКА ОДАМНА ОВДЕ ЕГИСТИРАА НАД 1000 ГРЛА ВИСОКОТРОФЕЕН ДИВЕЧ, КОЈ НА ЧУДЕСЕН НАЧИН Е ИСТРЕБЕН. Кочани го има ловниот резерват „Полаки“ на Осоговските планини, ама како да го нема. Дека атрактивното ловиште, во кое некогаш егзистираа над 1000 грла дивеч, незапирливо пропаѓа, потврдува и опожарената и запустена шумска куќа, која е нем и грд сведок…

Прочитај повеќе
Uncategorized 

ОО на СДСМ Кочани : ДПМНЕ ПОВТОРНО СО СВОЈОТ ЛАЖЕН ПАТРИОТИЗАМ И ЛИЦЕМЕРИЕ

Почитувани, Денес, на првата конститутивна седница на Советот на Општина Кочани претставниците на ДПМНЕ и нивните поддржувачи уште еднаш си го докажаа својот лицемерен и противдржавнички став. Откако ги прифатија уверенијата од ДИК со уставното име Република Северна Македонија, решија да создадат тензии и непотребно да ја одложуваат работата на Советот за која воедно и ги следува месечен паушал. Свеченото давање на заклетва, а притоа да се прецртува името на државата е против Уставот. Како највисок правен акт, сите закони и прописи мора да бидат усогласени со него. Искрено, се надеваме дека…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Одржана првата конститутивна седница . Д-р Лазо Митев избран за претседател на Советот

Бурен почеток на Конститутивната седница на Советот на општина Кочани и тензична расправа помеѓу поедини советници од мнозинството и опозицијата, е карактеристика на првите минути на функционирањето на новиот состав. Спротиставените ставови ескалираа околу името на државата, бидејќи советниците од новото мнозинство при потпишувањето ја прецртаа Северна, на што реагираше опозицијата, особено најзовразниот советник-претседавач , Аки Акиов. За смирување на духовите мораше да биде дадена пауза од десетина минути, по што истата продолжи според дневниот ред. Имено откако беа верификувани мандатите на новиот Совет на Општината и беа избрани комисиите,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Доделени уверенијата на новиот градоначалник и на новоизбраните советници во Кочани

По завршувањето на вториот круг од Локалните избори и објавувањето на официјалните резултати од ДИК , денеска во Мултикултурниот центар во Кочани , претседателката на ОИК Билјана Димовска Гичова ги врачи увренеијата на новоибраните советници во Советот на општина Кочани и на градоначалникот Љупчо Папазов. Советот на Општина Кочани брои 19 советници. Во новиот Совет по 8 советници имаат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со коалициите, и по 1 советник од коалицијата ЛДП-ДОМ, партијата Левица и независната листа на Венко Крстевски.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Љупчо Папазов ја презеде градоначалничката функција

Кочани и официјално од денеска доби нов градоначалник. Поранешниот градоначалник Николчо Илијев денеска му ја предаде градоначалничката функција на новоизбраниот градоначалник Љупчо Папазов и му посака многу успех и плодна работа во наредните четири години. На новиот градоначалник на општина Кочани, Љупчо Папазов му го честитам мандадот  и му посакувам добро здравје и успех во новиот мандат. Очекувам неговата програма и заложби за Кочани да ги спроведе на дело и со тоа да придонесе за подобрување на условите за сите граѓани во општината. На новиот градоначалник оставеме повеќе проекти кои…

Прочитај повеќе