ОПШТИНА КОЧАНИ 

Основното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“ го одбележува патрониот празник

Во пресрет на 24 мај – Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов со првачињата, наставниот, раководниот кадар од ООУ „Свети Кирил и Методиј“ и со повеќе општински делегации, претпладнево положија свежо цвеќе на споменикот во училишниот двор. Одбележувањето на патрониот празник ќе продолжи со свечена академија што ќе се одржи вечерва во холот на ОУ „Свети Кирил и Методиј“.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

На 28 мај во Кочани ќе се одржи хуманитарна Ротари трка

В недела, на 28 мај по улиците во централното градско подрачје во Кочани,  ќе се одржи хуманитарна трка во организација на Ротари клубот Кочани-Виница. На повикот за учество во трката досега се пријавени стотина учесници, а организаторот очекува нивниот број да се удвои. Учесниците ќе трчаат на 5 и на 10 километри, а годинава ќе има и фамилијарна трка, на 2,5 км. Општина Кочани е еден од поддржувачите на Ротари трката, која ќе биде проследена и со музичко-забавни содржини во Паркот на Револуцијата. Ротари клубот Кочани-Виница ги повикува сите љубители…

Прочитај повеќе